После вчерашната официјална информација од тн Историска комисија за релативизација и распродавање на македонската историја, повеќе никој не е изненаден од тн препораки. Препораки има за заедничко историско чествување, одбележување, помеѓу Македонија и Бугарија на историските личности, СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ и ЦАР САМОИЛ.
Прашањето кој кому дава препораки , комисијата на политичарите или политичарите на комисијата е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО!
Воедно има и препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Македонија
Откога екс намесникот Заев, сликовито ни објасни, дека ‘‘Цар Самуил је пуно шетао и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари!‘‘,
СЕКОЈ ЗДРАВОУМЕН МАКЕДОНЕЦ СВАТИ, ДЕКА СУДБИНАТА НА ОВИЕ ТРОЈЦА ЗНАЧАЈНИ МАКЕДОНСКИ ИСТОРИСКИ ЛИКОВИ ЗАСЕГА Е ПОБУГАРЧЕНА!
Воедно, пристигна и потврдена инфо-реакција од ОМО Илинден Пирин, за сомнителната работна посета на Претседателот на историската комисија Драги Ѓоргиев, кој бил сам во Софија, без другите членови на комисијата. Имено, во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатувал само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев. Што и како разговарал зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби!?
Сега го гледаме ‘‘резултатот‘‘ од таа средба, во меѓувреме именуваниот Драги Ѓоргиев од дописен член на МАНУ, унапреден е за редовен член на академијата!
Тука нема да навлегуваме во тривијалностите на ‘‘препораките‘‘, кои се наводно дефинитивни за овие три историски лика.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА, според програмата и обврската како партија на народот, историјата и историските истражувања ќе ги третира единствано на научно докажани факти, без политики и пазарања!
ПОУКА
Како што денес е суспендирана обвинителката Вилма Рускоска, поради покажана ‘‘нелојалност кон власта‘‘ односно искористен капацитет, така секој послушник, од оваква намесничко-предавничка власт ќе биде исфрлен на ‘‘пците‘‘!