пишува Елизабета Ч. Матевска

‘Finita la comedy‘, дали и 2000-те приговори беа само дел од целата фарса.

Ни стана ли јасно дека со избори не се спасува Македонија, не со овакви избори, во кои не се цени гласот на гласачот, суверенот, туку настапува бројачот!

Овие предвремени парламентарни избори се нелегитимни во целост, од пробивање на законскиот рок, организирање во тек на невидена епидемија на ковид 19, игнорирање на правото да бираш и да бидеш биран, очигледното неколку месечно поткупување на огромен број на население, потвдрените сознанија за евидентно фалсификување на записниците. Повеќе од јасно е дека изборните единици и непристојниот количник на донтовиот модел се етаблиран систем со единствена цел на владеење на големите партии, (овзможување албанскиот електорат секогаш да добива а македонскиот да губи), немање слух за промена на начинот и моделот на нов тип на избори итн. За да кулминира со инсценирано паѓање на интернет системот на ДИК, токму откога почнаа да излегуваат резултати на водство на едната страна (дпне) наспрорти другата (сдш), пласирање на резултати близу памет за реалност во одредена средина, се до крајно сомнително каснење на официјалните резултатите од 24 часа од страна на ДИК!

Ова беа избори кои во целост се нелегитимни, неправедни, фингирани, понижувачки, избори кои го навредуваат интелектот на овој доблесен чесен народ!

Можеби и ќе биде не демократско прифатлива размисла, но инсистирањето на оваков тип на гласње во едно до темел руинирано општевство и безправен систем, во знак прашање е и морално-етичкиот легитимитет на завиден број електорат, поткуплив, задоен со сепаратизам, комформистички ужлебен во буџетарски фотелји, опортунистички . Наспроти едноставните чесните гласачи, доблесните македонски родољуби, секако и преставниците на лојалните малцинаства.

Сите показатели ни укажуваат дека навистина е многу касно за некаква поправка, во догледен временски период, премногу длабоко во општевството ги пуштија своите пипци двоецот курто и мурто и неговиот народбодавател, албанскиот фактор воден од заговарачот за уништување на Македонија како држава и иштување на Македонскиот народ од картата на народите.

*Има ли простор за позитивни промени !?

Да се задржиме во компарација со предходните избори од декември 2016г , од кои со сигурност можеме да заклучиме дека и импликациите од овие избори ќе бидат крајно негативни. Излезноста е помала, во однос на минатите избори. Да. Секако се должи на огромното самоосвестување на македонскиот народ и веќе јасната предавничка агенда на двете поголеми партии.

*Но зошто нема попобедник и на овие избори!?

Сликата во целост е иста како од оие избори така и од тие од 2016г. Со фасцинантен пропорционален меѓусебен однос и разлика од само две пратенички места, 51-49 односно 46-44. Зарем логиката ни наложува дека исто би гласал народов после сите субверзивни собитија кон Македонската држава!? Ова некако доаѓа како широко прифатен модел ‘модус вивенди‘!?

Уцената беше Тиранска платформа. Уцената е тука, Премиер албанец! Непристојна најава за дводомно Собрание!? Во кое секако протагонисти во ‘нашиов (нивен секако) Горен Дом‘, по примерот на британскиот парламент, Горниот Дом те Домот на Лордовите, ќе седнат племенските старешини од ‘мала речица‘ !?

Невиденото фалбаџиство, на странските медиуми, на еден од племенските старешини дека тие се тие кои ќе состават Влада, како и предходната, секако нелегитимната (не дека е далеку од вистината)! Но, останува во воздух прашањето, дали и оваа нова влада ќе биде легитимна, затоа што и распуштањето и распишувањето на пратеници беше од нелегитимен Собраниски спикер!

И Мечот, не Демаклов , туку албански, кој ни стои над глава, тн федерализација, нешто со што не плашат, но и го имаат зацртано во политичката програма, токму во програмата кај едната од двете победнички страни! Дали ова е нормално! Навстина да си самиот дел од тотално расчеречување на сопствената грутка земја, на сопствената татковина, на сопствената мајка!

*И што понатаму!?

Ако ги изгубам изборите ќе си дадам неотповиклива оставка, рече лидерот на опозицијата и порече.

Ако ги изгубам изборите ќе го поведам народот на масовни протести, рече лидерот на опозицијата. За ова второво има време, да му дадеме простор!? (Вечерта, на денот на изборите Лидерот на опозицијата не се појави да даде изјава после овака силно најавувани пресудни избори, како да предходните не беа пресудни и ред пред нив. Информациите целат дека бил на фино пеглање на Калето. Затоа црпнатиот се појави да се пофали со победата, но за жал овој пат не можеше да го извика историското ‘Славејте‘. Но повеќе од јасно е дека е чиста лага, давањето оставка и поведувањето протести. Човеков навистина лаже, манипулира, не е од збор. Да, имаше и од кого да научи . Имаше супер учител, кому му служи само како спаринг партнер, можеби нешто како вреќа за удирање на боксерски тренинг или се вистински ортаци!? Навистина сите опции се во оптек.

*Зошто нема победник?

Многу едноставно, полесно за крчмење на тоа малку што остана, многу полесно. Народецот прелажан. Спремен и уште утре, рано в зори, да трча на избори само да се поправи грешката. Ги има и поосвестени, разочарани, бесни, превиткани од болка, во грч, но и непоколебливи и свесни за минливоста на се‘ , дури и на ова предавство.

Победник нема но има фаворит, албански пратеници намножени до непристојност, јасно е и од каде, со целното поданичко манипулирање помеѓу ИЕ5 и ИЕ6, секако дело на курто и мурто, кој повеќе да му се додвори, на фаворитот, секако.

Не дека не беше очедувано, сепак како ладен туш оддекна одлуката на ДИК,

‘Државната изборна комисија (ДИК) на седница одржана вечерва ги отфрли сите приговори поднесени од политичките партии во однос на гласањето и резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули. Изборите беа регуларни, а ДИК работеше без неправилности, оценија членовите на ДИК.‘ ‘‘Не треба никој да дава сомнеж на изборниот процес‘‘ изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Повеќе од јасно е дека на дело е манифестација на темната сила на заговорниците, во реализација на нивните слуги, медиокритетите од домашниот терен.

*Што најмногу го боли овој народ!?

Покрај толку докази, непобитни факти на неправилности во изборниот процес, за не верување, но дпне си ја свитка опашката, ги призна изборните резултати, без да превземе радикални активности (дај Боже да се лажам)

*Зошто!?

Затоа што И‘ чергата му е мала, го погази ЦРВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН КИЛИМ, ИСТКАЕН ОД БЕЗБРОЈНИ НИТКИ ОД МАКЕДОНСКА КРВ, СОЛЗИ, ДАМАР, НАДЕЖ, БОРБА, ЖИВОТИ…

А ние вистинските македонски РОДИНОЉУБИ НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА ‘КИЛИМОТ МАКЕДОНИЈА’ Е НАША ЗАДАЧА, НАША ОБВРСКА!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/