Пишува Томче Ширков
Што би рекол Цицерон во легендарниот говор ” Memento mori” … “Ништо не МОРА, мора само да се умре, но и тоа не е научно докажано”
И да, ние правоверните Христијани знаеме ( Господ лично ни покажа и докажа) дека не мора ниту да се умре, дека има живот вечен.
Резиме :
*Ништо не МОРА, и никој не мора да ја прифати “Северна”.
Не само затоа што тоа го кажува искуството на целото човештво, затоа што такви се Божествените и торжествени закономерности, туку НЕ МОРА, и НЕ ТРЕБА и затоа што:
1) Северна е против уставна, против референдумска и криминално донесена…со низа пропусти во процедурите.
2) Не е потпишана од Претседател и Премиер на двете држави “потписнички”
3) Криминално и противзаконски е гласана од луѓе вадени од затвор и притвор, со присила и уцена.
4) Едната договорна страна не го признава нејзиното постоење и не го почитува договорот официјално и воопшто ( Грција) а народот на другата страна( Македонија) сеопфатно. Всушност договорот никогаш не заживеа.
5) Договорот е противен на : Советот на Безбедност, ОН, Совет на ЕУ и “Женевските Конвенции”…но и листата на ” Основни и гарантирани човекови права и слободи”
…
Листата е многу долга повеќе од 30 точки, но важно е што договорот суштински е НИШТОВЕН и Северна во суштина е ништовна и не е признаена од никого, за разлика од Р.Македонија која е референдумски потврдена и признаена од повеќе од 140 држави.
PS.
Проблемот со “Мора да се почитува постоењето на северна” не е до личниот став Муцунски, Јанушев или Мицкоски…проблемот е што тоа е став на најголемата опозициона партија и нејзините 25 сателит партии….но за среќа повеќе од еден милион Македонци во Македонија и еден милион Македонци во светот не мораат, не сакаат и никогаш нема да ја сметаат за нешто реално ниту северна, ниту криминогените структури кои ја форсираат.
И не е вистина дека Македонците кои не ја признаваат северна се неорганизирани и немаат свој застапник!