СМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!

  • Post category:Колумна

Кога доаѓа времето живите да им завидуваат на мртвите и кога ниту на мртвите им е допуштена привилегијата да почиваат во мир зашто по коските нивни газат тешки странски чизми, а душата им е обеспокоена од демонски лаги, измами и белосветски преваранти и кога на ваквата состојба „гарант“ ќе им биде НАТО, тогаш има само една констатација: тешко нам! А, кога на овие западни терористички орди кои убиваат и живо и мртво под закрила на сатанизираната држава на Американците, ќе им се приклучат уште и 114 од 116 поранешни Македонци, а сега измеќари во служба на демонот, тогаш имаме уште потежок заеднички именител за состојбата во која се наоѓа Македонија – црнила! Денес, приемот во фашистичко – геноцидната НАТО алијанса се прогласува за свечен чин, но повеќе наликува…

ПрочитајСМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЈАВНА КУЌА

  • Post category:Колумна

Законот за Јавно обвинителство не е закон на постоечка држава, не е предложен и изгласан од легитимна Влада или Собрание и не е правно издржан. Текстот на онаа хартија која ја нарекуваат Закон е во спротивност со срушениот Устав и спротивен на интересите на држава која сака да опстане. Намерно, со умисла и план, тој наметнат Закон ќе послужи да ја уништи нашата држава до крај. Ако македонскиот народ се залага за опстанок на своите синови и ќерки треба да го отфрли овој чин и сите други нелегални дејствија на таканаречената Влада и Собрание, и тоа со најстрог протест и со најстроги народни мерки кои ни се на располагање. За жал, не чувствувам дека тоа ќе се случи. Немаме народни водачи кои не се плашат од властите, а…

ПрочитајЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЈАВНА КУЌА

Во чест на годишнината од раѓањето на Македонскиот Великан – Гоце Делчев!

  • Post category:Колумна

Подготвено од  Елизабета Чингарова Матевска, по повод 148 год од раѓањто на Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостолот и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола. Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност. Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна. Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт…

ПрочитајВо чест на годишнината од раѓањето на Македонскиот Великан – Гоце Делчев!

ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА

  • Post category:Колумна

Лоши времиња дојдоа, опасно е да не се занимаваме со политика. Да, знам обратно нѐ учеа, дека мешањето во политика знаело да биде опасно, но нашата дистанца од политиката и оставањето на нештата да ги водат т.н. политичари не е опасно, туку погубно. Кои се политичарите кои нѐ водеа изминативе години? Нашите. А за чии интереси работеа? За сечии, само не за наши. Зошто? Затоа што не се занимававме со политика, таа работа им ја остававме ним, за тоа ги плаќавме. Упс, за тоа нѐ оданочуваат, односно крадат. Бељата е започната некаде по наводното ослободување од фашизмот (наводно бидејќи за Македонците прогонот почнат од тогаш во континуитет трае до сега, значи допрва нѐ чека борба и македонско ослободување), односно формирањето на современата асномска македонска држава. Неполна година по…

ПрочитајММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА

ЗАГАДУВАЊЕТО И ОТПАДОТ ВО ОПШТЕСТВОТО ОЛИЦЕТВОРЕН ВО „СЕВЕРНА“

Годината е 2020, постзападен свет, мултиполарен, се градат големи патни коридори, енергетски коридори, гасот е незаменлив еколошки енергенс во наредните 30 години.Македонија се приклучи на јужниот ток, кој за нас значеше конкурентна цена, екологија, бенефит од транзит, економија, раст.Велика Британија за 5 пати го зголеми увозот на гас од Русија, Германија гради втор северен ток, сите изнаоѓаат решенија за да си ја обезбедат енергетската сигурност, но и еколошката, додека на другите им продаваат демагогија. Што се случи во Македонија?Го урнаа јужен ток во интерес на трети земји и сојузи, за да биде дел од НАТО и ЕУ, кои во 21-от век нема ниту да постојат. Ја урнаа Република Македонија со странска служба на Зоран Заев, преку хибридна војна, државен удар, уривање на Уставот на Република Македонија, уривање на…

ПрочитајЗАГАДУВАЊЕТО И ОТПАДОТ ВО ОПШТЕСТВОТО ОЛИЦЕТВОРЕН ВО „СЕВЕРНА“

КОМУ СЕ ОБРАЌА Г.Г. СТЕФАН?

Станува состојба Македонецот и неговата родина Македонија да биваат напуштени и осамени. При Македонци и при Македонија – ем да се брише македонскиот народ ем да му ја ништат земјата и државата. Бидејќи од политичарите и нивните политички партии се изнаслушавме секакви глупости, на ред дојдоа да се „истакнат“ и црковните авторитети. Во еден ваков амбиент, по сè изгледа, се вклопува и г.г. Стефан, Архиепископот на МПЦ – ОА. Од прва, не е јасно дали политичарите и црковните лица си конкурираат во општите политички процеси или – напротив, се работи за докомплетирање на тимот кој треба да ја одигра улогата, во режија на странските налогодавачи: да се (де)физиономира, да се редизајнира македонскиот народ и неговата држава, а и црквата! Божиќното послание на г.г. Стефан во кое тој ни…

ПрочитајКОМУ СЕ ОБРАЌА Г.Г. СТЕФАН?

РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ПОВИДОК

Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата Македонците се борат за своите правдини. Не плачи Македонијо мајко мила, крени глава гордо високо, Старо младо машко и женско на нозе се кренало. Од гроб станаа славните херои на Крушевската република, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански… Зборовите од македонската химна се наш патоказ за времето што доаѓа. Новото сонце, правдата и гордоста на Македонците во химната се испеани во сегашно време, единственото време во кое е можно да го живееме својот сопствен живот и во кое можеме да ги поставиме темелите на времето што доаѓа. А минатото, тоа го носиме во своите сеќавања, во своите мисли, песни, книги и преданија. Минатото е нашиот белег и мудрост, а сегашноста е нашето поле на дејствување. Сè што ни…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ПОВИДОК

ОД ДЕНЕШНАВА РЕПРИЗА НА ФАШИСТИЧКАТА ИДЕЈА ЗА ПОДЕЛБА, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛНА И СУВЕРЕНА!

Една недела како една деценија, се разбира не квантитативно, но квалитативно многу наликува на деценијата во која се одвивала втората светска војна. Германци, Италијани и Американци од позиција на моќ и локални предавници кои „отлично говорат блгарски“. Македонците како и тогаш, така и денес, на прагот на уништувањето, духовно, економски и физички.Т.н. „влада“ била фокусирана на „продолжување на остварување на националните интереси“, изјави нејзиниот технички премиер на средбата со американската амбасадорка. На чии национални интереси мислеше Спасовски останува да си толкуваме самите. Имајќи во предвид дека оваа влада не е избрана од македонскиот народ, а партијата од која доаѓа Спасовски се покажа како лидер во соработката со македонските душмани, сигурно мислел на американските, грчките, албанските, бугарските и чии се не национални интереси, само не на македонските.Во истиот ден…

ПрочитајОД ДЕНЕШНАВА РЕПРИЗА НА ФАШИСТИЧКАТА ИДЕЈА ЗА ПОДЕЛБА, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛНА И СУВЕРЕНА!

НАТПРЕВАР НА ИЗМЕЌАРИТЕ

Во Шпанија е избрана Влада! Конечно, во државата позната низ историјата како колонијален завојувач, уништувач на древни од Бога создадени цивилизации, инспиратор и практикувач на инквизициските измачувања на народот и долгогодишна држава на фашистичка диктатура, се избра нова Влада! Тоа и не е толку чудно, но повеќе од чудно е што изборот на новата шпанска Влада не ги израдува толку самите Шпанци, колку што ги израдува нашите политичари. Причината е едноставна: сега Шпанија, како последна од земјите – членки на западната алијанса, ќе го ратификува Протоколот за наш прием во фашистичко – терористичката организација НАТО. Близу 30 години нашите политичари и партиите на кои тие им припаѓаат, водеа борба за прием во НАТО, но без успех. Неуспехот, пак, главно и редовно се оправдуваше со билатералниот „спор“ кој Република…

ПрочитајНАТПРЕВАР НА ИЗМЕЌАРИТЕ

ИДЕНТИТЕТИ : РАЗЛИЧНИ, НО ЕДНАКВИ

Постоjат теми, кои што можат да се преодолеат доколку се споделат со други луѓе , ако  тие луѓе се способни да отпочнат внатрешен процес , доволно силен , што би имал влиjание врз совеста и интимното разбирање на човекот како таков , но, преди се како носител на вистински вредности во општеството. Во  2019 година сеуште постоjат мерки и концепции за идентитетот , кои што наместо веднаш да се проектираат  во надворешноста , се губат во стандардизираната магма , неспособна да проjде низ саморазбирање ( осознавање ) , т.е.  да се приближи до чувството сам по себе , за да може на следното ниво да се поврзе со сите кои се наоѓаат надвор од сопствените карактеристики , но со заеднички вредносни мерила. Во дадениов историски моментум , нашата…

ПрочитајИДЕНТИТЕТИ : РАЗЛИЧНИ, НО ЕДНАКВИ