ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА
Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата. Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата! Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција! Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија…