септември 30, 2019
На 30.09.2019год. се одржа протестен марш по повод една година од Референдумот кој нелегитимната власт го организираше за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО со прифаќање на т.н. Преспански договор со Грција. Овој референдум македонскиот народ го бојкотираше. Државната изборна комисија објави дека е неуспешен, односно народот не прифати зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО и не го прифати Преспанскиот договор а со тоа ниту промената на името. Со оглед на медиумската блокада, огромното полициско присуство, репресивната психоза која власта ја создаде кај народот со претходни апсења на патриоти со монтирани случаи но и огромната партиска контрола преку нивните мрежи на сдс и дпне, сепак околу 2000 храбри Македонки и Македонци излегоа да ја потсетат домашната и светската јавност дека нелегитимната власт во Македонија не ја почитува одлуката на граѓаните.