Пишува: Томче ШИРКОВ, член на Претседателството на Родина Македонија
Живеејќи во сенка на легалниот терор на соседите, жртви на отвореното негирање на македонскиот народ, нација, јазик, култура од земји членки на ЕУ, станавме сведоци на стогодишниот шовинизам, дискриминација и прогон на сѐ македонско од страна на Бугарија, а по диктат на нејзините западни ментори.
Имено и покрај потпишаната спогодба за „Добрососедство и меѓусебно измирување” официјална Софија продолжува и тоа сѐ пожестоко да го промовира својот став за: непостоење македонски јазик, народ и историја, т.е. според нивната наратива, сето тоа е бугарско, а ние сме некакви Словени, вештачки сплотени во нација во 1944 година.
Но, тоа не е ништо ново. Всушност ваквата политика на Бугарија трае со векови, се интензивира после поделбата на Македонија во 1912 година. Жртви на бугарскиот прогон, иследување и државен терор биле многу македонски дејци, револуционери, мислители.
Покрај Пере Тошев, Јане Сандански, Никола Вапцаров и останати, жртва на бугарскиот шовинизам бил и таткото на поранешниот премиер Сергеј Димитриев Станишев, кој живеел и работел во Струмичко, а по потекло е од егејска Македонија.
—————————–
Сергеј Дмитриев Станишев (бугарски: Сергей Дмитриевич Станишев) е политичар од Бугарија, роден на 5 мај 1966 година. По таткова линија, тој води потекло од Егејска Македонија, додека по мајчина линија има руски корени. Сергеј Станишев е член на Бугарската социјалистичка партиjа и бил 48. премиер на Бугарија, од 2005 до 2009 година.
Имено таткото на премиерот Станишев, бил член на КПБ и член на Информбирото, високо рангиран во Социјалистичката Интернационала. Но, сепак по диктат на бугарскиот диктатор Тодор Живков бил сменет од функцијата, реградиран политички и општествено, следен и малтретиран со години. Сето ова само заради тоа што јавно изјавувал дека е Македонец.
Ова не е случај само со него, туку повеќе од 110 високи функционери на бугарската држава во период од 1959 година, па сѐ до денес доживеале слична судбина.
Во прилог исечок од бугарските архиви.
Објавено на дудинка.
https://www.dudinka.org/%d0%b1%d1%83%d0%b3%d0%b0%d1%80…/