• Post category:Колумна

Законот за употребата на јазиците, донесен во март оваа година од страна на нелигитимното Собрание на Република Македонија, е директен производ, односно резултат на присила со употреба на невидена груба и омаловажувачка полититичка манифестација на сила, заради самоукинување на македонскиот народ во неговата сопствена држава. (При)силувачите на овој геноциден проект се европските и северноамериканските мракобесни центри на моќ, претставени во ликот на нивните самопрагласени „демократски“ органи, организации и институции на Европската Унија и на американската држава, под буден надзор на државната терористичка организација – НАТО. Извршители, пак, на ова дело се веќе одамна познатите играчи во македонската жална историја: домашните предавници! Соборци им се осведочените „елитни“ претставници на меѓународниот тероризам и нарко бизнис – албанските политички партии и поединци, како и самата албанска држава.

Видливо е дека овој Закон не е донесен ненадејно, ниту е резултат на коалициски договор. Законот е последица на одамна наметнатиот Рамковен договор, кога за прв пат во поновата историја, на еден народ (македонскиот) му беше издиктиран „договор“ за негово трансформирање од народ/нација во заедница. Статус на заедница стекнаа и сите други попатни и случајни минувачи на македонската територија, а меѓу нив и Албанците. Историското македонско мнозинство е изедначено со секаков друг вид на етнички групи, а некои од нив и немаше да знаат за себе ако евро-американските „демократи“ не им ги отвореа очите. Ама, на македонска земја! Конкретизацијата на Рамковниот договор беше договаран во друга држава, Албанија, со донесувањето на т.н. „Албанска платформа“, со учество на албански и косовски претседатели и еден „Македонец“, Зоран Заев.

Веројатно, малкумина од македонскиот народ се запознаени, а уште помалку свесни, што заправо носи Законот за употребата на јазиците. Јасно е дека со неговото донесување, на целата територија на Република Македонија се воспоставува двојазичност. Како службен и рамноправен јазик, тој ќе може да се употребува и во меѓународните односи. Како службен јазик, тој ќе се употребува и во сите државни органи и институции. Дополнително усложнување претставува употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа: за употребата на овие јазици одлучуваат органите на локалната самоуправа! Значи, малцинствата ќе се договараат како и колку на македонска земја ќе го укинуваат или ќе го дозираат македонскиот јазик, а Македонците на своја почва ќе треба да бидат среќни заради напливот на „демократија“ за сите, освен нив. Дотука веќе е навестен хаосот, но тој продолжува да се развива во другите одредби од Законот. Двојазичното страшило претставено во Законот е толку длабоко инсталирано во целокупното општествено живеење, што неговата примена се заговара и во радиодифузната дејност, нотаријатот, образованието, науката (веројатно, 2+2 на албански дава поинаков резултат), здравството, матичната евиденција, личните документи… а, не се заборавени ниту униформите ниту парите, па дури и поштенските марки. На институциите им се наметнуваат огромни финансиски трошоци за преведување и преведувачи, а меѓусебната комуникација на вработените е доведена во целосен колапс.

Денационализаторските одредби на овој Закон би одзеле премногу простор за елаборирање, а сето тоа залудно, заради неговата ништовност. 

Притоа, зачудува колку овој Закон е направен сеопфатно. Ниту една дејност, ниту еден случај не е оставен на случајност, што укажува дека неговото подготвување траело доста долго и осмислено. Единствен пропуст на налогодавачот е тоа што не го регулирал скандирањето на спортските натпревари: дали навивачите кои ќе скандираат на македонски, ќе бидат должни веднаш да преведуваат и на албански? А, за „доследно“ применување на Законот и за „доброволно“ убедување на Македонците во функција на наша „света“ европеизација, се предвидува и орган на принуда: Инспекторат  за употреба на јазиците! Владата, пак, се обврзува да развие една „хумана“ иницијатива – покренување на јавна свест за примената на Законот! Значи, Владата ќе не освестува нас Македонците да го прифатиме странскиот јазик во нашата земја како реалност, а ќе ги освестува и дојденците во оваа земја да не го прифаќаат македонскиот јазик зашто имаат свој кој го донеле кој од каде стигнал!

За несреќа на налогодавачот, во меѓународните акти кои се занимаваат со ова прашање, а кои се донесени токму од нив, во време кога тоа им било потребно, прашањето на правата на дојденците или националните малцинства, се регулирани малку поинаку од тоа како што се сака да ни се „протне“ со Законот за употребата на јазиците. Се разбира дека начелата кои тие ги создале и ги промовирале како меѓународни акти, биле донесени за воспоставување на ред во нивните држави. Без оглед на тоа, во тие прописи ќе прочитаме нешто кое ни дава за право да го кренеме гласот против овој Закон кој не е ништо друго, туку насилничко – предавничко инсталирање на неприродни дејствија против сопствениот народ. Систематизирани, тие би изгледале вака:

1.На припадниците на националните малцинства им се дозволува, им се овозможува да го употребуваат својот јазик, но не на малцинствата како целина, како колективитет, туку на лицата, на поединците  кои припаѓаат на тие малцинства.

2.Припадниците на националните малцинства правата ги уживаат индивидуално, а не како колективно право.

3.Секаде се наложува на припадниците на националните малцинства да го почитуваат законодавство на државата во која што живеат.

4.Во изразувањето на своите права како припадниците на национални малцинства, можат да основаат разни здруженија (а не и политички партии !), но без финансиска поддршка од државата, што значи како нивен приватен ангажман.

5.Таму каде што живеат припадници на национални малцинства, се бара од нив да го почитуваат и разбираат јазикот на средината и да не го загрозуваат националниот суверенитет.

„Меѓународната заедница“, меѓутоа, свесна за ваквите меѓународни принципи и стандарди во поглед на односот нација – национално малцинство, со Рамковниот договор го изврши првиот геноциден атак врз македонската нација, кога ни беше наложено во Уставот на Република Македонија сите национални малцинства да се трансформираат во аморфен поим „заедница“, а во таа категорија беше сместен и носителот на националниот суверенитет – македонскиот народ. Преку вакво антицивилизациско наметнување на нешто што е непознато во меѓународното право, а ниту во било која друга држава, се стави равенство на сите народносни ентитети во Ртепублика Македонија. Ова беше само градење основа за идните геноцидни постапки против македонскиот народ, како што сега тоа се прави со Законот за употребата на јазиците (а, се уште не знаеме до каде ќе одат креаторите на злото во демонтирањето на македонската самобитност). Така што, во Македонија веќе не постојат традиционалните релации познати во меѓународните односи и во државите во поглед на односот мнозинство – малцинство, па оттука, секој национален субјект затекнат овде може да му парира на историското мнозинство – македонскиот народ. Одовде и се влече „неспорноста“ албанскиот јазик да стане официјален јазик на туѓа територија. 

Нашите продавачи на национални интереси, убедени во тоа дека ја имаат поддршката на европските институционално – политички насилници, го доставија текстот на Законот за употребата на јазиците и до Венецијанската комисија. Венецијанската комисија, нешто слично како своевремено и Бадентеровата, изгледа им избега од контрола на евро-атлантските (вон)институционални насилници. Во нацрт – заклучоците е оценето дека правата кои се дадени во Законот се преголеми и непотербно преувеличени и дека на државните институции им се наложуваат нереални правни обврски. Ова е вака во предлогот, а дали вака ќе остане ќе видиме, откако ќе се свестат погореспоменатите насилници.

Во надеж дека ќе им дојде крај на овие национални предавници и купопродажни профитери на националните интереси и во надеж дека никогаш нема да ги заменат нивните политички пајташи кои себеси се прогласуваат за опозиција, а сметајќи на надоаѓање на нови патриотски сили претставени во патриотски партии, може само да му се порача на македонскиоот народ: Законот за употреба на јазиците ќе се поништи! Ќе се поништи од повеќе причини, но основното е дека тој е донесен од нелегитимни органи; донесен е под наредба од надворешни недобронамерни сили и  затоа што по својата суштина е погубен за еден народ – македонскиот! Нема никаква потреба да се поведуваат постапки пред Уставен суд заради оценување на негова уставност и законитост. Законот е политичка фарса, приватна волја на група луѓе сместена во Собранието на Република Македонија (без оглед што опозицијата „бурно“ реагираше при неговото донесување, го носи гревот што воопшто седи и делува во нелитимен орган!), заради реализирање на договорените обврски со т.н. „Албанска платформа“ која, пак, е креација на темните и гнасни евро – американски политички центри. Не само што Законот за употребата на јазиците ќе биде симболично запален пред Собранието на македонската држава, туку таква судбина ќе имаат сите акти кои во изминатиот период ја упропастуваа државноста. Ова е неминовно ако излезот го гледаме во враќање на достоинството како на Македонците, така и на неговите институции. Редржавизацијата ни е потребна за да се запазиме, зачуваме и воздигнеме од бедотијата во која сме втурнати од спрегата на внатрешните позициоенери и опозиционери и надворешните практикувачи на злото.

Коста Јовчевски, член на ИО – Родина

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“