You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

Денес, 12.4.2024 година, во паркот „Македонија“ пред спомен плочата на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, се одржа свеченост по повод Денот на космонаутиката, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

На оваа свеченост присуствуваше и делегацијата на политичката партија Родина Македонија, предводена од Претседавачот Зоран Јованчев.

Родина Македонија на пригоден начин ја изрази својата почит кон делото на познатиот руски космонаут Јуриј Гагарин, како и кон рускиот придонес кон значајните достигнувања во областа на космонаутиката.

Истовремено, изразувуаме задоволство и од можноста лично да го честитаме празникот на неговата Екселенција, рускиот амбасадор во Република Македонија, Сергеј Баздникин.

Напишете коментар