Приказната би почнала со Боки а би завршила со Катица само во детска куклена претстава. Но вистинскиот почеток и соодветниот крај ќе следи по падот на хунтата и враќањето на државата во народни раце.

Ова не е театар, ова е реалност, рече куклата, но остана без аплауз од публиката. Ветената комедија не само што им ги испразни џебовите на гледачите (нас обичните граѓани), туку се претвори во трагедија и ни загорче животите.

Што ќе беше убаво да можевме да избереме да не ја гледаме претставата, а уште подобро да не го платевме билетот. Но кога си во заробеништво, под окупација, немаш избор. Па така народот не избра доброволно да ја гледа куклената претстава со зајакот, прасицата и глутницата волци зад сцена, но не се обидува доволно и да ја оневозможи оваа претстава. Освен активното молчење, веднењето глава и неаплаудирањето, кои највидливи беа на 30.09.2018г, друга реакција на публиката за сега не може да се забележи. А се ми се чини дека една театарска претстава не може да се одржи доколку публиката се сврти со грб накај сцената, свири, вика и тропа со различни предмети.

Премолчени признанија има само за режисерот од калето, кој и покрај прескапите билети, трагичното сценарио, катастрофалните актери со прескапите костими, успеа да ја задржи публиката дисциплинирана.

Оваа нелегитимна владеачка гарнитура не ја избра народот, иако имаше големо незадоволство од претходната влада, туку на власт дојде со силен меѓународен притисок врз тогашната легитимна власт. Овој притисок резултираше со пржинските преговори, договори и недемократска и неуставна отстапка на клучни министерства преку кои подоцна се фалсификуваа изборите. Пржинскиот криминал има свој планер, организатор учесници и соучесници. Сите овие категории се добро опфатени од кривичниот закон, ќе дојде ред и за тоа. Но да ги извадиме клучните моменти пред драматизирањето премногу да ни го замати умот.

1 Катица беше избрана консензуално од тогашната а и сегашна доминантна политичка гарнитура која на власт е скоро 30 години.

2 Катица беше обучена од западни институции (во САД и Италија), беше сугерирана од нив и поддржана од нив.

3 Насилната промена на власт (воен удар со арсенал од специјалната војна) се случи под водство на одредени западни амбасади.

4 Целата политичка гарнитура (и т.н. власт и т.н. опозиција) беа и сеуште се обучувани од разни западни институти и политички групации

5 Марионетите кои ја превземаа и сеуште ја узурпираат власта, беа поставени од одредени западни амбасадори и политичари.

6 Сите политички дејствија што ги превземаа исто така беа сугерирани и поддржани (читај наметнати) од западните корумпирани абасадори и политичари.

7 Законодавната власт, пратениците, за време на клучните одлуки во Собранието беа под „третман“ (политички, финансиски, криминален) на одредени западни амбасадори директно во законодавниот дом.

8 Комплетниот судски систем е под контрола на западни центри на моќ, што преку бесплатни обуки на атрактивни светски дестинации, што преку директни посети од америчкиот амбасадор.

9 Медиумскиот простор целосно е окупиран со новинари кои работат на проекти финансиани од Сорос.

10 ДАЛИ ВО ОВАА ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ НЕКОЈ ОД ВАС ВЕРУВА ДЕКА БИЛО КОЈ ПОТЕГ, ВКЛУЧИТЕЛНО И РЕКЕТОТ, НА СВОЈА РАКА ГО НАПРАВИЛЕ ТЕАТАРСКИТЕ КУКЛИ, БЕЗ ПРИТОА ДА СЕ ПОТЕГНАТ КОНЦИТЕ ОД ЗАПАДНИОТ КУКЛАР? ЈАС НЕ ВЕРУВАМ.

Премногу е очигледно кој стои зад оваа представа. Театарските завеси на глобалната политичка сцена одамна се искинати, се е јасно видливо. Кукларите само по инерција ги влечат конците, оти само за тоа се обучени. Не знаат да престанат и покрај фактот што театарот им се распаѓа. Потребно е само публиката да излезе од состојбата на пасивен незаинтересиран гледач, и да премине во активен критичар и креатор на сопственото време. Потребно е македонскиот народ да ја прекине оваа трагикомедија и конечно да почне да биде креатор на сопствениот живот. Едноставно е, свртете го грбот кон сцената и актерите кои 30 години не замајуваат и излезете од овој распаднат политички театар, надвор постои реалност, која не е многу холивидска, но сепак е наша. 

Боби Ѓорѓиевски, член на ИО Родина