Се кренавме на нашите изворни вредности: РОДот, семејството, поРОДот, наРОДот, приРОДата, РОДината. Ја вградивме традицијата, духовноста и моралот во нашето организирање, идеологија, програма.
Веруваме во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце, за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ.
Лидери од многу здруженија, движења ја препознаа токму Родина како движечка сила на Родот наш македонски. Се обединивме за да ги заштитиме и индивидуалните и колективните права на македонската нација, кои сѐ повеќе се загрозени од франкештајн креатурата „Северна“.
Годината беше исполнета со удари од системот, од внатре, кривични пријави и притисоци кон наши членови, целосно игнорирање на медиумите на сите наши објави.
Година во која и Статутот профункционира при првиот обид да се измени колективниот начин на одлучување, кој е карактеристика на Родина Македонија. Пред некој ден имавме и театарска претстава од друга политичка партија за некакво превземање на членство, инаку стар шаблон на службите.
Нам ни е јасно дека овој систем умира, умира и западната цивилизација.
Доаѓа повеќецентричниот свет, свет во кој Македонецот повторно ќе има шанса да ја врати Република Македонија со нејзиниот светол македонски светоглед.
За тоа ново време потребни се нови организации, кренати во вредносните системи на македонскиот род, а не на странските служби и интереси.
Родина Македонија една година во вистина, на браникот на македонските национални интереси и новото време и повеќецентричниот свет.
Вечна нека ни е Организацијата и Република Македонија