Skip to content Skip to footer

Најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“

Браќа и сестри Македонци,

Би сакале да дадеме еден вовед од почетоците на Родина па се до овој момент, најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ која ќе ја понудиме на нашиот народ за да заедно ја подобриме и ја доведеме најблиску до народниот интерес. Нашата цел е да го креираме патот на Македонија во 21 век, пат кој секако е алтернатива на се досега низ што помина македонскиот народ и Македонија. 

Родина како инцијатива официјално беше објавена на ден Василлица 2019 година.  Подигната е од активисти кои подолго време се вклучени во активности за креирање на вистинска опција за Р.Македонија, постојано активни во народните протести и обединувања за креирање на таканаречен „3 пат“. Нашите замисли и идеи биле секогаш во насока да се креира опција која ќе биде водена од видни независни експерти, активисти, неекспонирани до сега, Македонци без политички багаж од стариот систем. Луѓе кои го разбираат новото време, геополитичките промени кои надоаѓаат, ослободени од личното его, служејќи му исклучиво на македонскиот народ.

По многуте иницијативи, кавги, растурања и неуспешни обиди, една група на активисти реши да креира организација која ќе понуди вистински нешто ново.

На прво место ги ставивме идеалите, вредностите и народните интереси, каде сите заедно со својот потенцијал креираме за доброто на нашито народ и земја.

Како и секоја организација, така и нашата поминуваше низ искушенија, потешкотии, но истрајноста и нашиот заеднички идеал не донесе до моментот да ја претставиме нашата визија за македонскиот народ за 21 век, визија која ја преточивме во нацрт програма „Вистински Македонски Пат“.

Судбината сакаше овој настан да се случи воочи Иллинден, нашиот светол и свет македонски празник.

Редржавизација на Македонија, 4-от Иллинден.

Придружете ни се заедно да ја доградиме и спроведеме.
Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/