НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Во новите лични документи, кога се работи за македонскиот народ, се брише националноста Македонец и истата преминува во граѓанин на Република Северна Македонија, што претставува грубо кршење на индивидуалното право за национална самоопределба на секој еден човек. Свесни сме дека изворот на оваквата деформација се западните сили кои создаваат нов ентитет, граѓанин на Република Северна Македонија, селектиран од одродот на македонскиот народ и кој по системот на негативна селекција е поставен да управувава со нашата држава Република Македонија, создавајќи ненормални услови за Македонците, македонското. Обврска е на целиот македонски народ и неговите организации, да реагираме заедно против оваквиот фашистички чин, каде се наметнува одродничка националност врз цел еден народ, грубо кршејќи го основното човеково право на самоопределба. Ние немаме ништо против одредени наши сонародници, кои поради патот кон…

ПрочитајНОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)

Не престануваат уцените и понижувањата од западните сили кон македонскиот народ во сопствената држава! Повторно се редат разно разни емисари од САД, Германија, западните земји, за ново понижување, внесување на Бугарите во Уставот. Од друга страна, правата на македонското малцинство во земјите членки на НАТО и ЕУ, Грција и Бугарија, се на ниво како во средниот век. За себе не смеат ниту да помислат, а не пак да кажат дека се Македонци. Во таа уцена се приклучи и новата американска амбасадорка, Агелер, која изјави: „Ако тешките одлуки не ги направите до декември, луѓе во Белата куќа ќе прашуваат колку сте посветени за ЕУ“. Ако подлабоко анализираме, нејзинаta екселенција, госпоѓата Агелер, иако така изгледа, таа не ни се обраќа нам, на македонскиот народ. Затоа што не нѐ ни приметува,…

ПрочитајПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)

ДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

„Не постои алтернатива за уставните измени“, изјави германската амбасадорка Анке Холштајн, која заминува од Македонија. Во исто време се јави и американската амбасадорка Анџела Агелер, „Уставните промени да се случат час поскоро“. Родина Македонија укажува на недипломатското однесување на европските и американски претставници во Република Македонија, кои веќе подолг период грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, кршејќи ги меѓународните конвенции за дипломатски претставништва. Ги потсетуваме дека уставниот поредок на Република Македонија е грижа исклучиво на македонската нација и е внатрешно прашање. Македонија имаше два референдума на кои македонската нација јасно и недвосмислено се изјани по прашања од внатрешното уредување и нејзината позиција во однос на НАТО и ЕУ, како и Договорот од Преспа. Доколку навистина се загрижени за правото и Уставот, западните амбасадори треба да…

ПрочитајДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

ПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

Да се биде опозиција, опозит, значи да се биде поинаков од тој што во моментов владее.А тие во моментов владеат спротивно на народната волја изразена со Референдумите од 8 Септември 1991 година и 30 Септември 2018 година, спротивно на Уставот на Република Македонија.. Со референдумот од 30 Септември 2018 година, македонскиот народ даде јасен и недвосмислен одговор дека не сака во ЕУ под наметнатите услови, Преспа, но тука се мисли и на другите понижувачки договори. Македонија во НАТО е спротивно на референдумската волја, на диво! Токму „Францускиот предлог“ е дел од тој процес за кој веќе имаше референдумско изјаснување и нема потреба од ново! Родина Македонија ја прашува парламентарната опозиција, зошто народот излегуваше во изминатите 10 дена? Тоа сигурно не беше за референдум!Зошто таа енергија не беше поткрепена…

ПрочитајПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

Визија – Основни Програмски Цели на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Потсетување на ставањето на темелите на на програмата Вистинскиот Македонски Пат објавени на страницата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА пред Василица, 12ти Јануари 2019, и положувањето на основните темелни принципи и програмските цели (1. Визијата) врз кои се темелат конкретните програмски целини (2. Стратегијата и 3. Деталниот Оперативен План) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство - Вистинскиот Македонски Пат! Ќе ја реализираме заедно со Македонскиот Народ и со сите слободолјубиви народи на светот! ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции. Поништување на сите закони и меѓународни договори кои се донесени под закана на сила, спротивни на Уставот, меѓународното право и…

ПрочитајВизија – Основни Програмски Цели на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Визија – Основните и Темелни Принципи на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Ноќ спроти Василица, 12ти Јануари 2019, положување на основните темелни принципи и програмските цели (Визијата) конкретните програмски целини (Стратегијата) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство - Вистинскиот Македонски Пат! Ќе ја реализираме заедно со Македонскиот Народ и со сите слободолјубиви народи на светот! Потсетување на положените основни и темелни принципи за Македонија! ОСНОВНИ И ТЕМЕЛНИ ПРИНЦИПИ Македонија Пред Се! Заштита и промоција на Македонија и Македонскиот идентитет, економија, култура, историја и традиција! Македонија ќе ја штити својата територија и народ од секаква внатрешна и надворешна опасност! Македонија ќе прави стратешки економски и безбедносни сојузи само во свој интерес! Меѓународна соработка базирана на взаемно почитување на слободната воља и суверенитетот на нациите! Економска, национална и индивидуална слобода за секој човек! Градење на глобално конкурентна пазарна…

ПрочитајВизија – Основните и Темелни Принципи на Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео)

Вечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат

(ВИДЕО) Предавање на Горан Шумкоски, меѓународен експерт и член на  ИО на РОДИНА МАКЕДОНИЈА: По Падот на Неолибералниот Глобализам Следи Ре-Државизација и Возобновување на Македонија и Сите Држави – Прв Дел од Видеото: Лажна Глобализација за Вечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата - Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат Почитувани браќа и сестри. Група патриоти од Македонија и странство се собравме да ја изработиме програмата која ќе одговори на жестоките предизвици каде поразениот неолиберализам под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија. Ова предавање ја дава рамката за општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски процеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина. Глобализација – Да! Но…

ПрочитајВечно Финансиско Ропство и Умирање на Демократијата – Основаност на Програмата Вистинскиот Македонски Пат

Најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“

Браќа и сестри Македонци, Би сакале да дадеме еден вовед од почетоците на Родина па се до овој момент, најава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“ која ќе ја понудиме на нашиот народ за да заедно ја подобриме и ја доведеме најблиску до народниот интерес. Нашата цел е да го креираме патот на Македонија во 21 век, пат кој секако е алтернатива на се досега низ што помина македонскиот народ и Македонија.  Родина како инцијатива официјално беше објавена на ден Василлица 2019 година.  Подигната е од активисти кои подолго време се вклучени во активности за креирање на вистинска опција за Р.Македонија, постојано активни во народните протести и обединувања за креирање на таканаречен „3 пат“. Нашите замисли и идеи биле секогаш во насока да се креира опција која ќе…

ПрочитајНајава на нацрт програмата „Вистински Македонски Пат“