You are currently viewing ДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

„Не постои алтернатива за уставните измени“, изјави германската амбасадорка Анке Холштајн, која заминува од Македонија.

Во исто време се јави и американската амбасадорка Анџела Агелер, „Уставните промени да се случат час поскоро“.

Родина Македонија укажува на недипломатското однесување на европските и американски претставници во Република Македонија, кои веќе подолг период грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, кршејќи ги меѓународните конвенции за дипломатски претставништва.

Ги потсетуваме дека уставниот поредок на Република Македонија е грижа исклучиво на македонската нација и е внатрешно прашање.

Македонија имаше два референдума на кои македонската нација јасно и недвосмислено се изјани по прашања од внатрешното уредување и нејзината позиција во однос на НАТО и ЕУ, како и Договорот од Преспа.

Доколку навистина се загрижени за правото и Уставот, западните амбасадори треба да знаат дека постои и македонско малцинство, кое ги нема основните човекови права и е прогонувано поради изјаснување на својата национална припадност, во 21 век, во земји членки на НАТО и ЕУ.

Воедно, ги потсетуваме и на украдената земја на Македонците од Егејска Македонија, која до ден денес се користи од големите западни корпорации за остварување на големи профити, прашање кое многу скоро ќе биде актуелизирано од вистинските суверени претставници на македонскиот народ.

Единствено нешто што нема алтернатива е суверена и независна Република Македонија, во служба на својот народ.

Сите други работи имаат алтернатива, а тоа се подразбира и за НАТО и ЕУ, „Еден е изборот“.

За Родина Македонија светот е веќе постзападен, повеќецентричен и денес главен императив за нас Македонците е Македонија да ја извадиме од колонијалниот статус кој и го наметнаа западните моќници и да запливаме во водите на суверенизмот, каде Македонија ќе биде суверена држава во вистинска смисла на зборот.

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!