Почитувана македонска јавност,

Почитувани браќа и сестри,

Комисијата за заразни болести на „Северна“ по којзнае кој пат се дрзнува да ги прекрши основните човекови права, а и ратификуваните меѓународни конвенции, Уставот и домашните закони преку предлог-мерките заради евентуално прогласување на епидемија на голема кашлица на територија на град Скопје.

Со овие предлог-мерки како противепидемиски мерки се предлагаат вакцинација на невакцинираните деца и забрана на невакцинирани дечиња да посетуваат градинка, инсинуирајќи дека токму тие невини души ја шират заразата.

Почитувани браќа и сестри,

Во време на епидемија се практикува Законот за заштита на население од заразни болести. Во него како епидемиолошка мерка, помеѓу другите, е наведено затворање на објекти кои се потенцијален извор на зараза, јавни објекти како трговски центри или градинки, а не постои мерка како во предлогот на Комисијата: непримање на невакцинирани деца во истите тие објекти. Се прашуваме врз основа на кој член од овој Закон непримањето на децата во градинка претставува „противепидемиска мерка“? И зошто Комисијата се дрзнува да го прекрши Уставот нарушувајќи многу права и слободи, а воедно извршува дискриминација според здравствен статус?

Исто така, согласно Законот за здравствена заштита сите мерки кои би ги спровело едно надлежно тело треба да бидат поткрепени со научни докази. Бараме од Комисијата да приложи рецензирани научни докази дека:

Токму невакцинираните деца ја шират заразата и дека бруталното кршење на нивното право на згрижување, игра и учење навистина ќе придонесе во спречување на ширењето на заразата;

Вакцинирањето со тривалентната вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица) – ДиТеПер не е контрапродуктивно во време на епидемија;

Вакцинирањето со тривалентната вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица) – ДиТеПер е сосема безбедно за примателите и нема да предизвика несакани ефекти како последица од вакцина. Дали членовите на Комисијата лично со свои потписи би потпишале гаранции за родителите?

Почитувани родители,

Ве повикуваме да ги запознаете своите човекови права, Овиедо конвенцијата и законот за заштита на правата на пациентите според кои имате целосно право да одлучите што е најдобро за вашето дете согласно вашите уверувања и убедувања.

Членовите на Комисијата за заразни болести преку предлог-мерките извршуваат класична дискриминација за која ако се жалите пред Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, ќе добиете одговор кој нема да биде во ваша полза. Ако тужите пред судовите, ќе изгубите. Можно е да дојдете и до Стразбург. Мораме да се освестиме дека живееме во окупаторски, фашистички систем кој секој ден сѐ повеќе го затега обрачот околу нашите деца и нашите основни човекови права.

Родина Македонија е на став дека СЕКОЈ ЧОВЕК ужива еднакви права и слободи. Право на мислење, убедување, говор, самоопределување, право на избор.

Ја повикуваме т.н. техничка влада да не ги прифати дискриминаторските и научно недокажани предлог-мерки.

Ги повикуваме директорите на градинките да покажат доблест и да не извршуваат дискриминација врз здрави, невакцинирани дечиња.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА е единствена партија која ја говореше вистината за време на т.н. ковид пандемија и која секогаш ќе стои на браникот на вистината, правото, правдата и правдината, за сите луѓе подеднакво.

Прес Родина Македонија

п.с.

Почитувани членови и поддржувачи на Родина Македонија. Родина Македонија е во фаза на пререгистрација! да дадете Изјава за пререгистрација кај еден од нотарите кои се поставени на следната страница.