ОВАА ВЛАСТ- РАЗВЛАСТ ТРЕБА ДА СЕ ИЗБРКА НА КЛОЦИ,  ЗАГОВОРНИЧКАТА ФЛОСКУЛА  ‘‘НЕМА  ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН  ЕУ‘‘ ГО ОНЕВОЗМОЖУВА РЕАЛНИОТ ВЛЕЗ  НА МАКЕДОНИЈА ВО ДРУГИ МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ,  КАКО ШТО Е  ЕЕА

Пишува Елизабета Чингарова Матевска
Колумна анализа

Родина Македонија, како суверенистичка народна партија, преставник и заштитник на македонскиот народ, внимателно следи и анализира, елаборира се‘ што се случува на внатрешен и меѓународен политички и економски план.
Родина Македонија не ја признава оваа власт и со индигнација во целост ги отфрла сите нејзини досегашни делувања, воглавно субверзивно деструктивни, како на оваа тн власт така и на сите предходни недоследности на сите власти досега.
Во повеќе наврати имаме пишувано и говорено за погубната тн од нив, единствена алтернатива, односно иднина на Македонија, евроатлантскиот пат.

Но исто така, колку и да сме против, следиме дека и на тој евроатлантски пат не не носат по една транспарентна лента. Напротив многу работи дознаваме од онаа старата, ‘‘ јадел од кокошка нога‘‘ те му се испуштило некој збор или секако од странските медиуми кои јасно и транспарентно укажуваат, ‘‘Земјите од Западниот Балкан всушност немаат ни минимални шанси за влез во ЕУ! Излезот за нив е влез во ЕЕА‘‘! Или пак, што е сериозно извесно, откога испродадоа огромен дел од се‘ што значи Македонија-Македонци-Македонско, но и понатаму продолжуваат со истото темпо, пуштаат ‘пробни балони‘, соочени со реалноста дека шансите за влез во ЕУ се еднакви на нула!

Така и цензусоидниот претседател Стево Пендаровски не можеше да ја скрие лагата, односно чистата вистина излезе на виделина, на он лајн конференцијата на Западен Балкан( 7-9 декемви 2020 год.) кога откри, дека на Македонија и било сериознао повторно понудено членство во ЕЕА-ЕЕЗ (Европска Економска Ареа, Област-Зона).

Наводно, сериозна понуда од од многу високи ЕУ функционери, која била така ‘‘храбро‘‘ одбиена, затоа што, како вели тој, ‘‘Нема друга алтернатива од полноправно членство во ЕУ ! Јас веднаш ја одбив оваа понуда, затоа што овој тип на размислување е катастрофален на долг рок“! Така изјави малку покасно Пендаровски.
За да пред неколку дена даде изјава на МИА, поттикната од написот во германскиот неделник ФАЦ (Франкфуртер алгемајне цајтунг), ‘‘Европската економска зона е прифатлива само доколку биде дополнение и меѓу зона кон полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Европската економска зона нуди економски можности и дава можност за отворање на земјата кон заедничкиот европски пазар, но на Македонија не и треба само економија и профит, туку демократија и политичко искуство‘‘.

Имено во анализата во германски ФАЦ (14-1-2012год), според кој реалните шанси земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум, а старо-новата алтернатива која се нуди е членство во Европската економска зона.

Пример Србија и Црна Гора после долгогодишни преговори скоро да немаат никаков напредок, јасно го искажуваат ставот дека конкретно на Србија никогаш не смее да и се дозволи политички глас во ЕУ.
‘‘Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е често пати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 27држави, плус 6 држави од Западен Балкан, вкупно 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија, пишува ФАЦ.‘‘
Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализата објави дека никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан или дури и со само некоја од нив во следната декада.

Уште повеќе е јасна состојбата на Македонија , болното бришење на Името, одземање и забрана на огромен дел од македонската историја, губење на правото на зборот македонски преку Преспанскиот договор, се‘ до непримерно безобразните шовинистичко аспирациски уцени и притисоци од Бугарија кон Македонија, македонскиот јазик, идентитет, историја.

Ако некој воопшто и мисли добро на државата, секако мора да биде и приземен и реален и да го прифати понуденото, можеби најдоброто во дадениот момент. А во овој момент, секако многу, премногу закаснето е да се прифати, односно да се ИНСИСТИРА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕЕА!!!!

Реалните шанси за земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум. Старо-новата алтернатива која се нуди е членство во Европската економска зона, дефинира германскиот весник ФАЦ. Имено, ЕУ не сака целосно да се одвои од балканското соседство, а преку Договорот за стабилизација и асоциација веќе им понуди на земјите од регионот меѓу-скалило кон полноправно членство.

Рецептот, кој секогаш одново се споменува, гласи, Полноправно членство на балканските држави во Единствениот европски пазар.
Со други зборови: целосно економско учество без право на политички збор, наведува ФАЦ, концепт за кој се залагаат повеќе евопратеници , како реално прифатливо излезно решение (Гералд Кнаус, Елмар Брок).
Одат до таму што се крајно експлицитни во изјавите и велат,
‘‘Дури и на некоја Балканска држава да и појде од рака да ги затвори преговорите согласно барањата на ЕУ, ратификацијата на членството во Европскиот парламент и во националните парламенти е малку веројатно. За очекување е дека одредени земји-членки секогаш ќе наоѓаат причини за одложување‘‘!
Според Елмар Брок, најдоброто решение за Западниот Балкан, дефинитивно е членство во ЕЕЗ.
‘‘Членките на ЕЕЗ имаат целосен пристап до европскиот пазар со сите права и обврски и за нив важи правото на ЕУ. „Но, тие не се членки на институциите на ЕУ. Тоа одлично функционира со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.‘‘
Понатаму за членството во ЕЕЗ како некој вид „базна станица” потребно е исполнување на околу 70 проценти од критериумите за полноправно членство, што значи дека патот не е далечен и дека воопшто не станува збор за тоа дека е ова ‘‘членство во втора класа‘‘!

Родина Македонија, како сериозна политичка партија, чувствува потреба , само накратко да елаборира, односно да извлече поенти, што е тоа ЕЕА, ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА. Со тоа не сакаме да навредиме или покажеме дека некој не е информиран или слично. Едноставно сакаме да потсетиме и укажеме каде тоа не водат, каде тие самостојно одлучуваат да одиме, се приклучиме односно, не одиме, да не бидеме рамноправен дел од разни меѓународни асоциации , трговски платформи итн. Во следна пригода ќе дадеме опширна елаборација за придибивките во учевство во Евроазиската меѓународна економска зона.

Европска Економска Област, Зона(ЕЕЗ) Еuropean Economic Area( ЕЕА)

Е основана на 1 јануари 1994 год, преку Договорот за Европска економска област, меѓународен договор што овозможува проширување на единствениот пазар кој ги поврзува земјите членки на ЕУ и трите земји на ЕФТА (Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) на внатрешен пазар регулиран со истите основни правила.
ЕЕА се потпира на истите „четири слободи“ што го поткрепуваат Европскиот единствен пазар како и Европската унија: слободно движење на стоки, лица, услуги и капитал меѓу земјите на ЕЕА. Така, земјите од ЕЕА кои не се дел од ЕУ уживаат во слободната трговија со Европската унија. Исто така, „слободното движење на лица е едно од основните права загарантирани во Европскиот економски простор (ЕЕА). Тоа е можеби најважното право за поединците, бидејќи им дава на граѓаните од 31 земја на ЕЕА можност да живеат, работат, основаат деловни активности и студираат и сл во која било од овие земји.
Членките на ЕФТА не учествуваат во Заедничката земјоделска политика и Заедничката политика за риболов.
Седиштето на ЕФТА е во Женева Швајцарија. Службата за надзор на ЕФТА има во Брисел, Белгија (истата локација со седиштето на Европската комисија), додека судот на ЕФТА има седиште во Луксембург (истата локација со седиштето на Европскиот суд на правдата).
Правото на слободно движење на лица помеѓу земјите-членки на ЕЕА и релевантните одредби за заштитни мерки се идентични со оние што важат меѓу членките на ЕУ.
Договорот за ЕЕА прецизира дека членството е отворено за земјите-членки или на ЕУ или на ЕФТА. Државите на ЕФТА кои се членки на Договорот за ЕЕА учествуваат на внатрешниот пазар на ЕУ без да бидат членки на ЕУ или Царинската унија на Европската унија. Тие усвојуваат најголем дел од законодавството на ЕУ во врска со единствениот пазар.
Велика Британија преодно продолжува да биде членка на ЕЕА откако се повлече од ЕУ на 31 јануари 2020 година и влезе во преоден рок завршувајќи на 31 декември 2020 година но и поатаму ќе се третир како членка на ЕЕА.
Само една членка на ЕФТА, Швајцарија, не е членка на ЕЕА, но има збир на билатерални секторски договори со ЕУ кои и овозможуваат учевство на внатрешниот пазар.
Швајцарија го отфрли договорот за ЕЕА на национален референдум во декември 1992 година, попречувајќи ја целосната интеграција во ЕУ и ЕФТА во рамките на ЕЕА. Исто така Швајцарија ја замрзна својата апликација за ЕУ откако беше одбиен договорот за ЕЕА во референдумот.
Во Норвешка, ЕУ беше одбиена на референдум, нешто што ја чини многу финансии од нафтата за субвенции на руралното население. Но затоа успеаа селата и помалите градови внатрешно и на крајбрежјето вријат од население и живот.
И покрај тоа што Исланд е толку зависен од риболов, сепак, тие сега повторно се спремаат за приклучување во ЕУ.
Еден од најзначајните проблеми на риболовот во Еу е трката за поголем улов и термини на слободен лов, при што побрзите и поопремените риболовци се помоќни, наспроти домицилните.
Секоја европска држава што станува членка на ЕУ, или станува членка на ЕФТА, може да поднесе барање да стане договорна страна во ЕЕА според член 128 од законот.
Кога една држава ќе се приклучи на ЕУ, не мора веднаш да станат дел од ЕЕА, но се должни да аплицираат.
Пример, Хрватска го потпиша Договорот за пристапување кон ЕУ на декември 2011 година и потоа ја поднесе својата апликација до ЕЕА на септември 2012 година.
Но бидејќи членството во ЕЕА е отворено само за членките на ЕФТА или ЕУ, потребна е согласност од постојните земји-членки на ЕФТА .
Земјите од ЕЕА кои не се дел од ЕУ не придонесуваат финансиски за целите на Унијата во иста мера како и нејзините членки, иако тие придонесуваат за шемата за грантови на ЕЕА за „намалување на социјалните и економските разлики во ЕЕА“. Дополнително, некои избираат да учествуваат во програмите на ЕУ, како што се Транс-европските мрежи и Европскиот фонд за регионален развој. Посебно Норвешка, исто така, има своја шема на грантови пошироко. По проширувањето на ЕУ / ЕЕА од 2004 година, имаше десеткратно зголемување на финансискиот придонес на земјите од ЕЕА, особено Норвешка, за социјална и економска кохезија на Внатрешниот пазар.
Членките на ЕЕА кои не се членки на ЕУ не се застапени во институциите на Европската унија, како што се Европскиот парламент или Европската комисија. Оваа ситуација е опишана како „факс демократија“. Сепак, земјите од ЕЕА се консултираат за новите законски предлози на ЕУ и учествуваат во формирањето на законодавството во рана фаза. Договорот за ЕЕА содржи одредби за влез од земјите на ЕЕА / ЕФТА во различни фази пред да се донесе законодавството, вклучително и согласност во Мешовитиот комитет на ЕЕА. Откако ќе биде одобрен во Мешовитиот комитет на ЕЕА, тој е дел од Договорот за ЕЕА, а државите на ЕФТА во рамките на ЕЕА мора да го спроведат во нивниот национален закон.
Мешовитиот комитет на ЕЕА се состои од држави ЕЕА-ЕФТА плус Европската комисија (што ја претставува ЕУ) и има функција на измена и дополнување на Договорот за ЕЕА за вклучување на релевантното законодавство на ЕУ. Совет на ЕЕА се состанува двапати годишно за да управува со целокупниот однос помеѓу членовите на ЕЕА.
Наместо да се поставуваат институции за пан-ЕЕА, активностите на ЕЕА се регулирани од институциите на Европската унија, како и од Органот за надзор на ЕФТА и Судот на ЕФТА. Органот за надзор на ЕФТА и Судот на ЕФТА ги регулираат активностите на членовите на ЕФТА во однос на нивните обврски во Европската економска област (ЕЕА). Органот за надзор на ЕФТА ја извршува улогата на Европската комисија како „чувар на договорите“ за земјите на ЕФТА за да се обезбеди следење на Договорот за ЕЕА. Судот на ЕФТА игра слична улога како и на Европскиот суд во однос на решавањето на споровите од Договорот за ЕЕА.

Европска Унија (ЕУ) European Union(EU)

Наднационален и меѓувладин сојуз (заедница) на држави во Европа. Претставува најголемата конфедерација на независни држави во светот. Основана под ова име во 1993 со Договорот за Европска Унија со тн Мастришки договор. Почетоците датираат некаде од 1951 год преку многу разни претходни договори.
Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството, економската политика до надворешната политика и одбраната. Во зависност од областа за која станува збор, ЕУ може да претставува:
Федерација ( во монетарните работи, во аграрната, трговската и еколошката политика) Конфедерација ( во социјалната и економската политика, заштитата на потрошувачите, внатрешните работи) Меѓународна организација (во надворешните работи на државите членки).
Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е усвоена од 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка рибарска политика.
Функционирањето на ЕУ се темели врз неколку институции:
Европскиот парламент (732 члена, 750 максимум).
Советот на Европската Унија (или советот на министри од , 28 члена).
Европската комисија (28 члена). Европскиот суд на правдата (во чиј состав е и Судот во прва инстанца) (28 судии плус 28 судии на СПИ) Европски ревизиски суд (28 члена). Европскиот совет (28 члена) – чија уникатна улога можеби најдобро може да се опише како “квази-институционална”.
Зa да стане членка на ЕУ, земјата-кандидат мора да исполни три критериуми:
Политички критериуми: стабилност на институциите кои гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата.
Економски критериуми: постоење функционална пазарна економија, како и капацитет за справување со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили кои владеат во Европската Унија;
Институционални критериуми: земјите-кандидати мора да го усвојат, применуваат и да го спроведуваат целокупниот пакет на политики и мерки од законодавството на ЕУ (acquis communautaire). Тоа значи способност за преземање на обврските од членството, вклучувајќи придржување кон целите на политичката, економска и монетарна унија. Ова бара и доволен административен капацитет на земјата-кандидат за транспонирање на европското во националното законодавство, за негова примена, и за ефикасно спроведување преку соодветни административни и судски структури.
ЕУ во моментот е составена од 27 држави, членки и приближно 504 милиони жители. Ако би била една држава, ЕУ би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, после Кина и Индија.
За нас исто е битно да се нагласи дека постојат две струи, меѓувладиност (В Британија, Данска , Шведска покасно Унгарија, Полска и наднационалност (Бенелукс, Франција, Германија и Италија) со постојана нагласена тензија. Европската Унија се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу овие два пристапа. Сепак, оваа рамнотежа е сложена и често резултира со често лавиринтска сложеност на нејзините процедури за донесување одлуки.
Членки на ЕУ се, Луксембург, Ирска, Данска, Австрија,Белгија, Финска, Холандија, Германија, Франција, Шведска, Италија Шпанија, Португалија, Словенија, Грција, Кипар, Малта, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Чешка, Естонија, Литванија, Летонија, Унгарија, Ирска. Велика Британија излезе од ЕУ со референдумот Брегзит.

Ефта-Европска асоциација за слободна трговија
EFTA-European Free Trade Association

Формирана е во 1960год во Стокхолм од, Австрија, Данска, Норвешка, Португалија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
Како алтернатива на европските држави на кои не им било дозволено или не сакале да бидат дел од тогашната Европска Заедница, денес Европска Унија. Покасно се приклучиле, Исланд, Финска, и Лихтенштајн.
Основни тела на ЕФТА се, Секретаријат Надзорен одбор, Суд, Собрание, и други одбори.
Од почетокот на 90-тите години, ЕФТА активно ги води трговските односи со трети земји во и надвор од Европа.
Четирите актуелни членки држави на ЕФТА моментално се, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија и претставуваат конкурентни економии посветени на прогресивната либерализација на трговијата во мултинационалната арена, како и во договорите за слободна трговија.
Главните задачи се тројни.
Одржување и развој на Конвенцијата ЕФТА, која ги регулира економските односи меѓу четирите држави на ЕФТА.
Управување со Договорот за европска економска област (Договор за ЕЕА), кој ги обединува земјите-членки на Европската унија и три од земјите на ЕФТА – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, на единствен пазар, исто така наречен „Внатрешен пазар“ .
Четирите држави на ЕФТА се отворени, развиени економии со трговски бројки кои се значително повисоки отколку што може да се очекуваат од вкупно помалку од 14 милиони луѓе. ЕФТА е деветти најголем трговец во светот во трговија со стоки и петти по големина во трговија со услуги. ЕФТА е трет најважен трговски партнер за стоки за ЕУ и втор најважен кога станува збор за услугите. Интересно е што целокупниот секретаријат на ЕФТА го сочинуваат помалку од 90 лица. Посебно се значајни импресивните грантови на Норвешка кои го насочува кон Јужна и Југоисточна Европа.
Значајно е тоа што ЕФТА од 90-те година наваму воспоставува економски односи и вон членките на ЕУ, ЕЕА но и со држави вон Европа.

ЦЕФТА Централноевропски договор за слободна трговија CEFTA, Central European Free Trade Agreement

Актуелно е трговски договор помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија , Црна Гора и УНМИК во име на Косово.
ЦЕФТА е договор кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите средна Европа.
ЦЕФТА ја основале Полска, Чехословачка и Унгарија во 1992 во Краков. Подоцна членки станале Словенија, Романија , Бугарија , Хрватска и Република Македонија (2006).
Преку ЦЕФТА, земјите учеснички ги мобилизираат напорите да се интегрираат во западноевропските институции и преку тоа да се приклучат кон европските политички, економски, безбедносни и правни системи, со што ќе се консолидираат демократијата и економијата на слободниот пазар.
Со декларацијата од април 2006 година, на Самитот на премиерите на Југоисточна Европа во Букурешт беше усвоена заедничката декларација за проширување на ЦЕФТА, да ги опфати останатите балкански држави кои ги минаа билатералните договори за слободна трговија во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/