ПОВИК ДО СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА!

You are currently viewing ПОВИК ДО СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА!

До нас пристигнуваат сѐ повеќе информации за присилна вакцинација на вработени во државни институции, банки, фабрики и закана за бркање од работа, доколку тоа не го сторат.

Сакаме да ги потсетиме одговорните во институциите, претпријатијата, дека присилната вакцинација со закани за бркање од работа е КРИВИЧНО ДЕЛО.
Со Устав е загарантирано правото на избор на медицинска интервенција со согласност за секој жител на Република Македонија.

Сите овие закани еден ден ќе бидат предмет на истраги и санкционирање на одговорните лица кои се дрзнале да извршат присилна вакцинација.
Доколу настапи смрт на човек кој присилно е вакциниран, тоа ќе биде третирано како обид за убиство.
Благовремено сопрете ги овие процеси!

Родина Македонија ги повикува политичките партии, освен кампањите за локални избори и ветувања на планини и долини, сите да застанеме позади одбрана на основното човеково право, право на избор и да го сопреме дивеењето на вакцина лобито и бизнис интересите на фармацевтската мафија, како и фашизоидната агенда на неолибералната глобална елита.

Напишете коментар