You are currently viewing ФЛАШКА ИЛИ ЗАПЛАШКА

РЕАКЦИЈА по повод укинувањето и експресното судско затворање на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград

РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно предупреди дека драмолетката „Спротиставување на бугарскиот фашизам” е всушност фрлање на прашина во очите на просечниот Македонец за да не ги согледа флагрантните и галопирачки чекори од доктрината за етноцид на Македонците и уништување на македонската држава, култура и постоење!

Посочуваме, не е прв пат бугарската држава под покровителство на возвишената „европска демократија” да укинува, забранува и казнува постоење на културен клуб, литературно друштво па дури и играорни секции, а пак за општествена организација или политичка партија на Македонците не смее да стане ниту збор. Бугарската држава се соочи со казнени одредби од европскиот суд за човекови права, шест пресуди од меѓународниот суд во Стразбур и повеќе од 200 приватни тужби за физички напад или малтретирање на Македонците во Пиринска Македонија, само затоа што се Македонци!

Ниту еден од овие случаи нема завршница, „демократскиот терор” продолжува. Најдобар показател за тоа е фактот што во денешна „Демократска” европска Бугарија, според резултатот на неформалниот попис од EURSTAT-2011 год., 890.000 луѓе се изјасниле како б’лгарски граждани с македонски произход (македонско потекло) и само 302.000 како Македонци.

Се извлекува заклучок дека Македонците се ЗАПЛАШЕНИ да се изјаснат дека се чисти Македонци бидејќи секој обид сурово се казнува Нивната положба во демократска ЕУ е далеку полоша отколку во комунистичкиот (сталинистички) режим на Народна Република Бугарија или положбата во Отоманското царство.

Но, што да се очекува друго кога „нашата држава” и официјално се откажа од Македонците во соседните држави. Најголемата опозициона партија не го стори тоа како соучесник, туку од позиција на партија која комплетно ги држеше сите алки на власта.
За жал се отиде и чекор понатаму. Македонците во етничките граници на Македонија не смеат повеќе да се наречат малцинство, не пак народ, иако во многу градови процентот на Македонци достигнуваше до 49-56%. „Нашите власти” во континуитет Македонците во Пиринско и Беломорието ги нарекуваат „Дијаспора”, што упатува на еден вид авто-цензура.

Ниту еден медиум или информативен центар не ги пренесе фактичките случувања и при отворањето на еден обичен ниско буџетен културен клуб, но со големото име Македонски. Пред отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград стаклата од просторот беа вандализирани, букви од таблата со името на клубот одлепувани. Така, на таблата со името на клубот за пред медиумите „случајно“ остана МАК-ДОНСКИ каде средната црта е остаток од буквата Е. Тенденциозно и злонамерно ниту еден медиум не појасни дека по трет пат беа одлепувани букви од насловот.

Одредени новинарски „душегрижници” пак, јавно се прашуваа зошто „наша делегација” присуствувала на отворање на клуб со име на поет кој творел на „бугарски јазик”? Тврдењето дека Вапцаров творел на бугарски јазик претставува класично непознавање на Славистиката (посебно јужнословенските јазици) и уште послабо познавање на булгарската група на јазици, како и непознавање на фактот дека 90% од жителите во Бугарија не говорат на Иригаш Булгар или било кој друг официјален булгарски јазик. Додаваме и дека нивните преродбеници (Отец Пајсиј, Раковски, Куњевич, Бенковски…) твореле на српски јазик.

Наша должност е да повториме дека јазикот на кој твореше Вапцаров беше македонски дијалект (струмско-разловечко наречје) кое се разликува од сите булгарски јазици.

Зошто не се водат дебати на овие теми со стручни лица на јавните гласила кои делумно ги плаќаме и ние преку буџетот? Зошто, наспроти тоа, нѐ замајуваат и заглупавуваат со вести од типот „Силно го повиши тонот пред разулавената толпа” или „Кој ја украде флашката”? Чуму сето тоа, кому му служи таквото новинарство!? Сигурно не на нас, народот!

П.С.

„РОДИНА е посебно место на земјата, земјата на Гоце и Даме, Родина е состојба на духот, заедница со претците и наследниците наши, каде најубаво и вистински се живее. Таа моја Родина се нарекува МАКЕДОНИЈА” –

Никола Јонков Вапцаров

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!