Отворените листи се одлика на вистинските демократски друштва.
Заострување на условите за поднесување на независните листи, за кои ќе се бара потпис на 2% од вкупниот број на избирачи во општината, претставува уште еден удар врз демократијата во Република Македонија, која сѐ повеќе станува ексклузивно право само за партии кои се под контрола на македонската длабока држава и странските центри.
Нам ни е целосно јасно, дека влезот во системот на независни не контролирани субјекти и вистински народни претставници, директно ги загрозува Кутро$Мурто CO, кои заедно се во криминал од милијарди евра во изминатите 30 години, но и гарант за сите анти-македонски проекти на западните центри на моќ.
Дека се почитувани некакви препораки, за унифицирање на прагот на неопходни потписи за поднесување на независните листи од страна на ОДИХР/ОБСЕ е смешно, но воедно го покажува нивото на егзистирање на така наречената влада на човекот кој западните служби го црпнаа од нива.
Родина Македонија со своите скромни капацитети, ќе се стави во служба на сите иницијативи кои се на линијата на суверенизмот и враќање на општините во служба на нејзините жители, започнувајќи процеси на ДЕФЕУДАЛИЗАЦИЈА И ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНИТЕ И ДРЖАВАТА!
Воедно ги повикуваме сите политички субјекти да земат учество во вистинска демократизација на Република Македонија и почитување на народната волја!
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!