Skip to content Skip to footer

Поддршка на маршот за чист воздух

Без храна човекот може да издржи 1-2 месеци, без вода 1-2 недели но без воздух за повеќето од нас ќе биде чудо ако преживееме 1-2 минути.

За жал либералниот капитализам и алчните политичари и капиталисти, во трката за вечен економски раст и неограничен профит, на површина ја извадија својата ограничена свест, за себе, за своите блиските и за планетата земја. Полнејќи ги своите сефови и банкарски сметки, ја наполнија земјината атмосфера со отров. Парите за себе, отровот за сите.

Господо безумни профитери, нашиот воздух е наше природно право, а не ваш неограничен ресурс за бесконечно богатење.

Родина во целост го поддржува протестниот марш за чист воздух во Петок, 29 ноември 2019 од 17:00 до 19:00 пред министерството за животна средина и просторно планирање.

Родина во своите програмски цели во областа на екологијата се залага за:

  • Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.
  • Природните ресурси припаѓаат на сите граѓани на Р.Македонија, односно државата. Неотуѓивост на водите.
  • Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.

    https://www.facebook.com/events/470183763611004/