Skip to content Skip to footer

Реакција на Родина по повод бришење на придавката „Македонски“ од имињата на македонските институции

Македонските институции се сопственост на македонскиот народ. Тие се подигнати од народот за народот и не се во ниту еден случај дел од некаков политички пазар, ниту сопственост на политичка партија, а камоли цел за влез во некакви западни меѓународни организации кои имаат антихуман карактер.

Бришењето на придавката македонски претставува бришење и на самата институција, нејзиното извориште и нејзината цел на постоење.

Актот на бришење на македонски од институциите е антимакедонско дејство, велепредавство и истото е кривично дело, навреда на македонскиот народ и понижување на Р.Македонија.

Браќа и сестри Македонци, да го спремиме нашиот Алл-Ин одговор на оваа криминогена антимакедонска власт, инсталирана со социјален инжинеринг и хибридна војна со помош на странски служби и инсталации.
Р.Македонија, Македонци, Македонски, Устав на Р.Македонија, СЕ или ништо!

Бидете член на инцијативата Родина

Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/