You are currently viewing РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД НЕОДАМНЕШНИТЕ ТРАГИЧНИ СЛУЧУВАЊА

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до семејствата и блиските на трагично починатите Вања и Панче.

Згрозени сме од непрофесионалноста и реваншизмот на властите.
Значително повеќе од “ловот на вештерки” во дваесет и првиот век во “европската демократија”.

За прв пат во македонската историја истражните органи, раководни лица, но и медиуми блиски до власта инсистираат во повеќе наврати дека сите сторители се од македонско етничко потекло!

Јавно прашуваме, зошто никогаш досега не сте соопштиле дека сите сторители се од албанско потекло, на пример? Кога имало низа грозоморни, колективни злосторства?! И како влијае, етничкиот предзнак на истражната посапка? И на разрешување на случајот?

Не добивме одговор на клучните прашања на јавноста. На пример: дали полицијата знаела за убиството на пензионерот, но криеле за да не се вознемири јавноста за време на OSCE самитот?

Целата палета пропусти, контрадикторности и дезинформации беше препокриена со термините “Монструмите” наместо обвинетите. Министерот лично, наместо сторители употребува изрази несвојствени за ниту еден правен систем. Малоумни, Ѕверови !

Во неколку наврати јасно и децидно ни беше укажано која е целта на таквата реторика!

Родина Македонија го осудува повикот за дерегистрација на партии и движења кои јавно се искажувале против НАТО и евро-атлантските интеграции.
Го осудуваме повикот за “колективна одговорност” кон членовите на партијата Десна. Останува нејасно дали ќе се бара одговорност од сите членови и симпатизери на Десна во својство на политичка елиминација на конкурентот?
Дали по истиот терк ќе се затвори и ДУИ, каде лидерот и потесното раководство на своите раце носат крв од цивиили и бранители на Македонија?
Дали ќе се бара одговорност и од самата СДС, каде прво обвинетиот токму таму бил носител на високи функции и имал најдолг политички стаж?

Со кое право членови на извршната власт и ним блиски медиуми ги навредија сите Македонци во светот, но и нивниот милениумски светол симбол -шеснаесет кракото сонце? Нарекувајќи ги психопати, крајно десни националисти и теоретичари на заговори кои ја користат “Звездата од Виргина”.
Повторно останува нејасно, дали овие грозоморни убиства ќе се користат во насока на тоа; Сите Македонци кои го користат македонското сонце да бидат прогласени за психопати и екстремни националисти? И зошто?

Родина Македонија бара најстроги казни за сторителите, по добивање на правосилните пресуди.