РОДИНА МАКЕДОНИЈА БАРА ИТНО УКИНУВАЊЕ НА СЕОПФАТНОТО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД УЧИЛИШТАТА!

You are currently viewing РОДИНА МАКЕДОНИЈА БАРА ИТНО УКИНУВАЊЕ НА СЕОПФАТНОТО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД УЧИЛИШТАТА!

До нас пристигнуваат документи, кои инаку се дел од Сеопфатното Сексуално Образование (ССО), во кои се објаснува наставната програма за 7 одделение, да повториме за 7 одделение, за деца од 12 годишна воздраст.

Содржината претставува СКВЕРНАВЕЊЕ на ТРАДИЦИЈАТА, МОРАЛОТ, ДУХОТ, ДЕТСКИОТ НЕВИН СВЕТ, СЕМЕЈСТВОТО, УНИВЕРЗАЛНИТЕ И ХРИСТИЈАНСКИ ВРЕДНОСТИ!

Идеологијата на перверзната западна цивилизација, никогаш не била и нема да биде дел од македонската култура, традиција и начин на живеење.

На нашите деца на таа воздраст треба да им се обезбедат места за детска игра, чисти тоалети, удобни столчиња, современи сретства за следење на настава, спортски активности, социјализација, природа, креативност, училни ослободени од било каква индоктринација.
Наспроти да се инсистира на тн ССО да се инсистира на сеопфатен современ курикулум, наставна програма, која ќе ја припремат адеквтни експерти од областа на науката, психологијата, педагогијата, методиката, дидактиката. Наставна програма во која методите ќе имаат социјална интеракција во соработка и со родителите и старателите.

Доколку не се повлече ССО од училиштата, нашите деца на 1-ви септември ќе останат дома.
А ние како родители ќе излеземе на улица и ќе го урнеме ССО, заедно со арогантната министерка и оваа целосно одродена влада!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница