Демократскиот мрак, фашистичкото владеење на нелегитимната наметната власт продолжува. Во изминатите скоро 30 години институциите во Република Македонија се успешно деформирани под будното око и со силна асистенција на западните разноразни советници, набљудувачи и дипломати.После дно признание за оваа состојба е и изјавата на претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, на една од националните телевизии. Имено таа истакнува дека секретаријатот со кој раководи, Антикорупциската комисија, реално нема капацитет да се справи со можната (многу веројатна м.з.) злоупотреба на институциите на системот за време на престојните претседателски избори.Во услови кога скоро сите високи државни функционери си вдомија во државни институции на високи позиции и по неколку свои блиски. Во услови кога администрацијата е превработена со партиски војници на капитулантските партии во Македонија, како и во услови на силен западен притисок врз Македонија за себеукинување, Иницијативниот одбор на Родина, уште еднаш укажува дека не постојат никакви услови за спроведување на фер и демократски претседателски или парламентарни избори. ИО на Родина бара и инсистира на формирање на техничка-експертска влада со единствен мандат реформа на изборниот закон, изборниот модел како и законот за политички партии, а со цел демократизација на македонското општество и вклучување на сѐ поголем број мали и маргинализирани партии со што би се зголемила партиципативноста на одлучување на македонскиот народ. Сметаме дека Македонците во 21век, во сопствената држава се угнетени, потиснати и доведени до работ на уништување. Затоа го повикуваме народот на #Бојкот на престојните претседателски избори сѐ до исполнување на наведените барања.