Skip to content Skip to footer

ЗА ПРАВО НА ИЗБОР ПРИ СЕКОЈА МЕДИЦИНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Идеологијата на Родина Македонија е втемелена на универзалните и традиционални вредности на нашиот народ, природните принципи, праведни закони и заштита на човекот, семејството, домот, Родината Македонија.

Програмата Вистински Македонски Пат, целите, принципите и секое дејствие извира од тие вредности.

Алчните корпорации и нивните темни елити сѐ повеќе ги напаѓаат основните, природни, човечки, традиционални вредности инсталирајќи ја отпадната сексистичка ЛГБТ и педофилска  идеологија кај нашите деца. Се создаде образование кое продуцира ропски менталитет, со нездрава храна и  социјални инжинеринзи кои го загрозуваат здравото живеење на едно општество.

На удар е и здравјето на граѓаните со проектирани вируси, креирани пандемии кои треба да резултираат со масовна задолжителна вакцинација, при тоа не грижејќи се за грубото кршење на основните човекови права и слободи. Фарма корпорациите имаат една единствена цел: да создадат вечни пациенти, а не да ги излечат заболените. Медицината е заробена од фармацијата.

Родина Македонија смета дека здравјето доаѓа заедно со слободата на човекот. Традиционалната, природна медицина треба да биде основа за грижата на здравјето на нашиот народ. При тоа, секој човек има право да одбере дали и како ќе биде лекуван, особено го има правото на информирана согласност и право на избор при секоја медицинска интервенција.

Родина Македонија донесе одлука да ја надополни точка 23 од своите програмски цели,

23.Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секого и право на избор при секоја медицинска интервенција.