Skip to content Skip to footer

СМРТ НА НАРОДОТ – СЛОБОДА НА ФАШИЗМОТ!

Кога доаѓа времето живите да им завидуваат на мртвите и кога ниту на мртвите им е допуштена привилегијата да почиваат во мир зашто по коските нивни газат тешки странски чизми, а душата им е обеспокоена од демонски лаги, измами и белосветски преваранти и кога на ваквата состојба „гарант“ ќе им биде НАТО, тогаш има само една констатација: тешко нам! А, кога на овие западни терористички орди кои убиваат и живо и мртво под закрила на сатанизираната држава на Американците, ќе им се приклучат уште и 114 од 116 поранешни Македонци, а сега измеќари во служба на демонот, тогаш имаме уште потежок заеднички именител за состојбата во која се наоѓа Македонија – црнила! Денес, приемот во фашистичко – геноцидната НАТО алијанса се прогласува за свечен чин, но повеќе наликува како на темните, подземни масонски подруми и нивните опскурно – мистични обреди. Впрочем, како што и му доликува на овој „свечен“ чин.  

После овој настан, веќе не е за верување дека со правни средства ќе може да се реши нашата жална позиција. Ниту е за верување дека се уште има некој кој може да се потпре на правните норми за да ја одбрани аргументирано земјата од странската западна бруталност. Иронијата е дека токму тие кои ги кршат сите правни норми, инсистираат на примена на истите во Македонија, со папагалското повторување за „владеење на правото“ како услов за прием во нивните сатанистички кружоци и конгломерати. 

Озаконувањето на Протоколот за прием во НАТО алијансата (фала Богу, со одложно дејство!) е најдобар пример како се гази по волјата на еден народ. Пример како функционираат евро – американските „љубители“ на владеење на правото и пример како на нив, всушност, и не им битен народот ниту дали тој постои или мисли нешто. А, добар дел од македонскиот народ е се уште жив и се уште мисли! Дел од македонскиот народ води борба за слобода против (скоро) цел свет и таа наметната војна ќе ја добие!

А, ќе ја добие како што ја доби и војната против сатанизираниот дел од светот со референдумското изјаснување на 30 Септември 2018 година, што е моќно правно средство кое секако ќе ни послужи за во иднина. Но, како што тоа секогаш бидува во нашите македонски легендарни митолошки приказни, оној кој сакаше да не доведе во заблуда, да не измами, да ни постави замка со референдумското прашање, односно прашања, заправо ни овозможи, ни даде легитимитет занавек да кажеме: не за Преспанскиот договор; не за ЕУ и не за НАТО!  Ако се потсетиме, на 30 Септември беше поставено прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Значи: а) дали сме за членство во ЕУ; б) дали сме за членство во НАТО и в) дали сме за Преспанскиот договор. И, народот се изјасни: 36,91 % излегоа (ако тука се земат предвид сите малверзации, полнење на кутиите…, тогаш процентот едвај би достигнал 22 – 23%!), а остатокот – бојкотираше! Според тогашниот Устав, одлука на референдум е усвоена ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број! Излезениот процент е далеку под 50%. А, според членот 73 од Уставот на државата, одлуката донесена на референдум е задолжителна! И, нема други варијанти, ниту можности за релативизирање.

Според тоа, народот ги отфрли и членството во ЕУ и членството во НАТО и договорот со Грција. Тоа што народот ги отфрли, не значеше и обврска на политичарите од СДС и од ДПНЕ. Тие продолжија да си ја играат играта на позиција и опозиција, само во променети околности, во услови на разнебитена и предадена Македонија: и идентитетски и национално и историски и културно. За нив волјата на народот, на Македонија во целина, не им значи ништо. За нив е битно инсталирањето на еден мракобесен систем, каде правата и слободите ќе им ги гарантирал НАТО, истата онаа организација која, од денот на нејзиното создавање, не издржа ниту еден миг без да води војни низ светот, а се во името на „демократијата“, сфатена на начин каков им одговара на сите домородни криминалци, па и на нашите!

Но, ние Македонците, сакаме да им порачаме дека сме свесни дека овде се одвива процесот на предавство, замаглен со „големата придобивка“ – зачленување во НАТО. Во основните дефиниции за предавството пишува дека тоа подразбира, односно означува акт на предавање на основните интереси на татковината, па, во таа смисла, таа се дефинира и како најтежок облик на злосторство кон државата и народот. Велепредавството подразбира уште и доведување во прашање и на самиот опстанок на државата. За тоа, во кривичното законодавство, се пропишуваат најтешки казни. Нашите политички авантуристи во целост ги исполнија сите услови за казнување и тоа она најтешко.

Доколку е нешто нејасно, да им појасниме: со гласањето за членство во НАТО, и едните и другите одиграа на картата на предавството. Различен беше само начинот на кој тоа го направија. Едните (СДС) со сторување, другите (ДПНЕ) – со несторување! Без оглед на тоа кој што и како (не) презел, процесите се одвиваа под покровителство на ЕУ – НАТО бандата. Задачата беше да ги загрозат националните интереси, па така, едните активно создаваа терен да ги загрозат националните интереси, а другите не направија ништо за да ги спречат првите, туку овозможија, заради неделување, да дојдеме во оваа ситуација.

Ред е да им кажеме со што ќе се соочат нашите политичари кои досега направија две злодејствија од трите можни. Ќе се соочат со казни: едниот вид на казна е од морална природа, а вториот е од кривично – правна природа. Бидејќи со моралната осуда одамна се збогувале, да видиме како би се вклопиле во кривично – правниот систем. Има барем десеттина основи по кои би можеле да одговараат. Ќе одговараат заради повреда на рамноправноста на граѓаните; затоа што македонскиот народ го доведоа во потчинета состојба во матичната држава, а заради партиско – политички причини, а ќе одговараат и  заради повреда на правото за употреба на јазикот и писмото. Секако, ќе уживаме во казните за велепредавство, заради насилно менување на уставниот поредок. Ќе се соочат и со кривичното дело кое се однесува на загрозување на независноста на Република Македонија, а која со незаконското внесување во НАТО е доведена во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, спротивно на волјата на народот, а истиот основ ќе се користи и заради потпишувањето и примената на Преспанскиот диктат.

Нема да има невини меѓу политичарите, зашто до еден учествуваа во прекршувањето на одлуките на легитимниот референдум. Нема да има оправдување дека опзицијата била само опозиција, затоа што нивното лицемерие најдобро се покажа при денешеното гласање. Нема да има ниту милост за сите овие бедници, ниту ќе има застарување или заборавање или простување на нивното мрачно дело. А, дотогаш, додека да дојде идната народна власт, не ни преостанува ништо друго, освен да и се обраќаме на (о)позицијата со слоганот: смрт на народот – слобода на фашизмот! Со една разлика: народот никоаш не умира, фашизмот е минлива работа! И, памтењето на праведните е долго.

КОСТА ЈОВЧЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Листа на нотари