Политичката партија Родина Македонија, по повод признавањето на
автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на Руската православна црква, изразува
задоволство, благодарност и почит кон ваквиот акт на најголемата и најзначајната
Црква во православниот свет. Со признавањето на Македонската црква се признава
долговековниот напор на нашата црковна организација и нашиот православен
христољубив македонски народ за возобновување на таа организација после
нејзиното неканонско укинување.
Истовремено, со актот на признавање на Руската православна црква се
продолжува процесот на црковно – правното затврднување на автокефалниот статус
на нашата Црква, процес започнат со неодамнешното признавање од страна на
Српската првославна црква. Во овие мрачни времиња, сакаме да нагласиме дека
духовното единство на родот наш голем славјански, е повеќе од потребно.
Непријателите на Словото Божје и на славата на нашите народи повторно се
намножија и повампирија и одново го разгореа фашизмот. Па затоа, единството на
нашиот род словенски нека започне од духовното единство и обединување врз
православните принципи и вредности.
Се надеваме дека со воспоставувањето на црковното единство ќе се отвори нов
пат за соработка и взаемност помеѓу нашите народи, православни верници, но и
држави.
слика (Московскиот патријарх Алексеј и српскиот патријарх Герман на заедночка богослужба со македонскиот архиепископ Доситеј во црквата Пресвета Богородица во Каменско (Охрид) на денот на Светите Кирил и Методиј, 24 мај 1962 г.)
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!