Skip to content Skip to footer

СООПШТЕНИЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО РОДИНА МАКЕДОНИЈА

До нас пристигна соопштение од седница на некаков Централниот одбор на Родина Македонија Орг, објавено на интернет адреса, која навидум треба да е Родина Македонија, а не е. (https://rodina-makedonija.org/). Симптоматично е што веб адресата воошто не е ниту македонска, туку регистрирана во странство (Лондон).

Интересен момент е што Основниот Граѓански Суд (Регистрациониот суд), спротивно на неговите законски надлежности, повеќе од еден месец ја кочи промената на официјалното лице на партијата Родина Македонија, што претставува грубо мешање во внатрешните работи на партијата и директно влијае на не функционирањето на политичката партија Родина Македонија!

Според Статут, официјален застапник на Родина Македонија е претседавачот на претседателството.
Член 36, став 3,
Претседавачот ја претставува и застапува Родина.
Став 4,
Претседавачот се избира од редот на членовите на претседателството.
Став 5,
Претседавачот има мандат од две години, а се избира со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите на претседателството, со право на повторен избор.
Став 6,
Мандатот на претседавачот му престанува ако му изгласаат недоверба мнозинство од вкупниот број на членови на претседателството.

Токму на седница од 2 септември 2020 година, настапи промена на претседавачот и тоа не со тесно мнозинство, туку со 11 гласа ЗА од вкупно 13-те члена на претседателството на Родина Македонија, колку што беше и присуството на седницата.

Бидејќи добар дел од луѓето се донесени во заблуда, за жал од страна на наши, сега веќе поранешни членови и членови на претседателството, ќе дадеме едно појаснување како функционира Родина Македонија.

Кои се официјални органи на Родина Македонија кои фигурираат во Регистрациониот суд, според Статутот?

Во суд постојат во овој момент два органи на партијата кои на Основачко собрание се изгласани.Тоа се:
– Претседателство кое брои 13 члена и
– Централен одбор кој брои 28 члена, Овој број денес е намален на 24 поради четирите исклучени члена.

Сите одлуки се носат со МНОЗИНСТВО од ВКУПНИОТ БРОЈ на членови и во претседателството и во централниот одбор. Во претседателството тоа се 7 од 13, а во централниот одбор 13 од 24.

Како се случува надополнување на Централниот одбор по Статут?
Надополнување се случува кога претседателството ќе донесе одлука за формирање на општински и задграничен комитет, како и комисии и тела на партијата.

Претседателство, Член 35 од Статутот на Родина Македонија, став 1,
алинеја 6,

донесува одлуки за основање и распуштање на општинските и задграничните комитети;
алинеја 8,
основа и укинува помошни органи, тела, комисии, одбори и работни групи за потребите на партиските активности;

Кога со одлука на претседателство ќе се формира општински или задграничен одбор, комисија, тело, нивните претседавачи стануваат членови на Централен одбор.

Ние ги охрабруваме тројцата членови на претседателството, вклучително и поранешниот претседавач Горан Шумкоски, да извадат во јавност одлука за формирање на општински, задгранични комитети, комисии и тела, донесена од претседателството.

До овој момент, претседателството поради проблемите кои беа предизвикани од претходниот претседавач Горан Шумкоски, не успеа да одлучува по однос на формирање на општинските и задграничните одбори, како и комисиите и телата.
Со тоа Централниот одбор останува со 24 члена.

Промената на бројот на членови во централниот одбор, со мотив немање на мнозинство гласови, која е извршена на таканаречена седница на централен одбор на родина-македонија.орг е спротивна на Статут и таа на суд ќе падне, бидејќи не е поткрепена со одлука на претседателство!

Во однос на исклучување на членови на партијата, Статутот вели:

Член 18, став 2,
Исклучувањето на член од Родина настанува во случаи на дејствување кое е спротивно на основачките документи или другите акти на партијата. За исклучување на член одлучува претседателството со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.

Системот на одлучување на претседателството на Родина Македонија идентично е поставен и во општинските и задграничните одбори, како и низ сите комисии и тела, со цел да не дојде до злоупотреба од страна на поединци.

Во Статутот на Родина Македонија, член 51 јасно го дава истиот принцип на одлучување.
На ист начин настапува и промена на претседавачот на општинскиот, односно задграничниот одбор.

Член 51, став 6,
Со мнозинство на гласови на седница на општинскиот одбор може да се прекине мандатот на претседавачот и да се избере друг претседавач на општинскиот одбор.

Кога се работи за Советот на Иницијатори, кој исто така е спомнат од таканаречениот централен одбор на родина-македонија.орг.
Тоа е вториот механизам за заштита на идејата, а кој беше скршен од страна на претходниот претседавач Горан Шумкоски, кој истиот го сметаше за непотребен и не беше донесен на основачкото собрание.
Во овој момент тој орган не постои, односно постои само во Статут.

Како претседателство на Родина Македонија, регистрирано во суд, изгласано на основачко собрание, секако дека до нас може да пристигне одлука со потпишани 13 члена на Централниот одбор кои се заведени во регистрациониот суд. Ние ќе ја почитуваме таквата одлука.

Родина Македонија се постави како колектив во носење на одлуки како на централно, така и на локално ниво, со единствена цел, да не дојде до злоупотреба на една света идеја, како што е идејата за родот и народот македонски, од страна на поединци.
Минатото нѐ подучи дека странските и домашни служби многу лесно, преку поединци превземаат организации и истите ги демонтираат до непрепознавање.
Такви примери имаме безброј.

Затоа при кревањето на Родина Македонија, нејзините основачи вградија механизми за заштита на светата идеја Родина, кои веќе делуваат.

Нам ни е јасно дека еден дел од членството се заведени од личните амбиции на одредени членови, но едно треба да се има на ум, над нас е Статутот на Организацијата, Честа и Моралот.

Со почит,
Претседателство на Родина Македонија

Зоран Јованчев (претседавач)
Коста Јовчевски
Елизабета Матевска
Владимир Трајковски
Зоран Тапчановски
Гордана Гоџо
Томче Ширков
Александар Стефаноски
Виолета Петковска
Никола Чоневски