Skip to content Skip to footer

СОПСТВЕНО ФИНАНСИРАЊЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА БЕЗ НИКАКВО УЧЕСТВО НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ЦЕНТРИ НА МОЌ!

Почитувани членови и поддржувачи на Родина Македонија

Родина Македонија се основаше и функционира исклучиво од сопствени средства, членарини и донации на членовите и симпатизерите. Така ќе биде и секогаш понатаму. Сега и кога прерасна во правно лице, Родина Македонија никогаш нема да прифати фондови од било какви домашни или странски центри на моќ во активностите за борбата за слободна Македонија!

За разлика од други кои го молзат иселеништвото или се финансираат со колнати пари од глобалофашистичките центри, ние никогаш не сме побарале ниту ќе побараме од нашите иселеници или од нашите Македонци бизнисмени финансиска поддршка. Кога нѐ прашуваат дали е потребна помош, ние велиме да, потребна е, но во јавна поддршка и во нашата оперативна работа за идејата, но пари од никого не бараме, сѐ е доброволно. Нашата идеја е толку голема, праведна, благородна и победничка што не се потребни пари за да фати корен во умот и срцето на секој слободољубив Македонец. Идејата сама себеси се промовира! Сѐ што гледате досега направено, политичко чудо на изворна и неинсталирана партија, сторено е со мали пари, делено од устите на нашите семејства и со многу ентузијазам, професионалност и бесплатна работа за нашето општо заедничко македонско свето дело, од сите вас почитувани членови и поддржувачи.

По формирањето и отворањето на банкарска сметка во Халк Банка, сите членарини и донации на поддржувачи ќе бидат уплатувани само електронски за целосна транспарентност околу собирањето и нивното домаќинско трошење, само за најосновните активности на Родина Македонија, а сите извештаи за месечни приходи и расходи ќе бидат јавно достапни за сите членови и поддржувачи и за целата македонска јавност.

И само така браќа и сестри, со наше сопствено Родинско финансирање и во иднина ќе продолжиме да ја чуваме неизвалкана и некорумпирана нашата борба за Македонија!

 Македонија Вечна!

Биди член на Родина Македонија!

Членарината во Родина Македонија е 100 денари месечно, додека кој може да си дозволи повеќе ќе биде добредојдено (но не повеќе од законски дозволената сума на годишно ниво од 1 просечна исплатена нето плата во Републиката во претходната година, што ја објавува Државниот завод за статистика и која за 2019 изнесува  25.215,00). Донациите од поддржувачите на Родина можат да бидат во било која сума (но не повеќе од законски дозволената поединечна донација на годишно ниво од 150 просечни нето плати од правни лица и 75 просечни нето плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика, која за месец 03/2020 е 26.422,00 денари). 

Денарската сметка за уплата во Халк Банка АД Скопје е 270-0742396901-91.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/