You are currently viewing СУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ`

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

Во македонското општество ретко кој ги разликува овие два блиски термини, а уште поретко го разбира нивното значење. Токму оттаму доаѓа и целосното губење на вродената потреба за сувереност, а со тоа и губењето на државата како збирна алатка на народот да ја оствари оваа природна и од Бога дадена привилегија. Изразот „Суверенизам” во македонската социологија е неточно препишан од СССР учебниците во 1990г. Дополнително, со осамостојувањето на Р. Македонија, овој термин започнува да се употребува и каде треба и каде не треба. Но, со војната од 2001г и со фактичкото потпишување на капитулација пред NATO агресорските сили и домашните предавници, се губи од употреба во општествениот и политички речник.

Но, да одиме од почеток. Сувереност е философски поим и датира уште од самото создавање на државата како облик на живеење, а Суверенизам е политички поим од понов датум. Но, домашните „експерти” им даваат потполно непотребни, неиздржани и често негативни значења, на двата поими!

Франција е првата земја која му даде правна артикулација на поимот, сувереност со актуелизирањето на „Директивата за заедница на внатрешни пазари” и тој формално правно стана Суверенизам.
Според Жан Боден (политиколог и социолог) Франција е родно место на поимот и буквално значи:

ПРАВО НА ПОЕДИНЕЦОТ (групата, заедницата) НЕПРЕЧЕНО ДА ЕГЗИСТИРА И ЗА СИТЕ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ОСНОВНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ДА МОЖЕ САМ И БЕЗ ПРИСИЛА ДА ОДЛУЧУВА ЗА СЕБЕ!
Интегрирањето на ЕУ и распадот на СССР предизвикало заживување на поимот Суверенизам, наместо поимот Сувереност кој продолжил да се употребува во лична и приватна конотација. Со падот на „Берлинскиот ѕид” и de facto падот на Комунизмот, кованицата „Суверена демократија” сѐ повеќе се употребува и достигнува ниво на фетиш и неопходност во секојдневието. Во 1998г. на самитот на групата Г8 (Г7+Русија) поимот „Суверена демократија” е издигнат на ниво на божество или подобро речено „Златно теле”. Сосема друга работа е како поимот го подразбирале во ЕУ, како во Русија, како во САД. Но, за едно сите биле согласни. А тоа е дека:
“Секоја демократска земја, посебно ако е република и има изборен систем, има и можност и право за Суверенизам и практицирање Суверена демократија”. За прв пат во човековата историја, ова право го гарантирале 200 земји членки на UN (од вкупно 202), Советот за безбедност, OEPS, NATO, ЗНД…а подоцна и БРИКС. Практично кажано сите.

P.S.

Во Р. Македонија од 2016г. ова право не само што никој не го гарантира и брани, туку е прекршувано токму од изумителите и потписничките на декларацијата, но и уште повеќе е стимулирано да биде прекршувано од секого и секаде, неказнето и без никакви правни и меѓународни консеквенци. Како последица на тоа се губи и практичното значење на поимот Суверенизам. Со тоа Република Македонија повторно стана прва земја во светот (барем по нешто)?!