You are currently viewing ‘‘ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДА БЕШЕ ЖИВ, СО КАМА ЌЕ ИМ ПРЕСУДЕШЕ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ‘‘!
  • Post category:Колумна

Во ЧЕСТ на  149 год од раѓањето на Гоце Делчев.

Пишува Елизабета Чингарова Матевска

КАМАТА, за Гоце, беше симбол за чест, решителност, безкомпромисно честито орудие, оружје за расчистување со предавничките изроди!

Гоце Делчев, егземплар, синоним, на македонската револуционерна борба!

Безкрајно харизматичен, образован, речит, сигурен, надарен да привлече внимание, да биде сослушан и послушан. Со силен карактер, стратег, воен и територијален организатор, но и иницијатор,  со извонредни способности и вискок интелект, брз и непокорен во делувањето.

Гоце апостолот, а воедно и витезот на македонската револуционерност, есенција на идеата за слобода, самостојност, сопствена држава, толку долго посакувана.

Сите овие Гоцеви дарби беа препознаени од непријателот, кој веќе ја имаше намерачено Македонија, затоа и на подмолен начин беше предаден и убиен  со единствена цел, забрзано и неуспешно македонско востание, на кое Гоце со силна жестина се спротивставувал, поради неподготвеноста на населението и секако последователната македонска трагедија.

Тука, секако нема да пишувам за подводаџиите предавнички, кои се пазарат со делото на еден ВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИСКА ЕПОПЕА , КАКО ШТО Е ГОЦЕ! НЕ! БАРЕМ НЕ‘ НА ОВОЈ СВЕТ ДЕН, ДЕНОТ НА НЕГОВОТО РАЃАЊЕ!

ГОЦЕ Е ЕДЕН ЕДИНСТВЕН, ДА ГО НЕМАШЕ ГОЦЕ, ТРЕБАШЕ ДА ГО ИЗМИСЛИМЕ!

НО, ГОСПОД БОГ НЕ  БЛАГОСЛОВИ СО НЕГО И НИЕ КАКО НЕГОВИ НАСЛЕДНИЦИ  НИКОГАШ НЕ СМЕЕМЕ ДА ПОТКЛЕКНЕМЕ, НИТУ ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ, ОД НЕГО, ОД НЕГОВОТО ДЕЛО!

Напротив, наша света обврска е да го почитуваме и негуваме неговото неповторливо  животно дело!

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

БЕСЕДА ЗА ГОЦЕ  ОД  Ѓорче Петров

Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови за восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој кој што го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови.  Свштеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да  ја стави во футролата…Гоце и самиот јунак, имаше слабост кон индивидуалните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето кадри од такви поединци, неговата заслуга  за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот  и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше почитувач на личното  јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, кога би можела да се избегне. Никој никаде не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека престои некоја опасност. Своето презирање на смртта кај него беше пририодно и  неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа. Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше индивидуални сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и создавање кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач  на делото. Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што  со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност…

Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна…Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Огранизацијата и дејствувше во неа како агитатор…Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт ( убивство и евентуално самоубивство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена  да игра и воспитна улога  за создавање кај работниците дух на самоуврееност и саможртва , затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот…