You are currently viewing БРИТАНСКОТО ГЕЈМ ШОУ „ГОЛА ПРИВЛЕЧНОСТ“ ДОЈДЕ И ВО МАКЕДОНИЈА НА КАНАЛ 5!

КОЛУМНА НА ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ, ПРЕТСЕДАВАЧ СО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Британското шоу „Гола привлечност“, започна да се емитува и на Канал 5. Да, во вечерните часови, но реклами за него се прикажуваат сред бел ден кога и децата можат да забележат. А каде и би на друго место, освен на продадените национални телевизии кои со децении продуцираат неморал, невистиност, декаденција, пад и распад!?

МАЛКУ ИСТОРИЈА

Македонците отсекогаш со презир гледале кон Атина токму поради нејзината перверзна природа. Во таа т.н. цивилизација, хомосексуализмот, педофилијата и оргиите биле составен дел од секојдневното живеење. Подоцна и Рим не заостануваше во тие перверзни игри, дури ја надмина и Атина, вклучувајќи и животни во тие игри. Помпеја пред да ја изгори вулканот Везув, на монетите ги беше ставила сите сексуални пози. Tака седеше затрупана 1600 години, пред да ја откријат.

Додека археолозите ископуваа вазни со сцени од таквите акти во тој дел од светот, во ведска Македонија, но и во целиот словенски свет се пронаѓаа мозаици со тајните на природата, универзумот, законите на Бога, никаде ниту еден сексуален чин.

Зошто? Затоа што телото на жената во тие општества беше светост, чистина.

Вистинијан Управда Петруш кога дојде на власт и го врати својот народ на повторно владеење со неговата империја, не беше дал ниту денар за школите во Атина и Рим, токму поради нивната перверзна падната, заПАДна природа. Неговото Јустинијановно право, кое го изгрдија нарекувајќи го римско право, ја содржи симболиката на Вистината – Устината, односно праведниот принцип на неговата древна македонска цивилизација: да се живее по вистината, чесно и достоинствено. Црквата која ја подигна за својот род, ја беше нарекол Вистина Прва, врз која е подигната нашата света македонска православна црква.

ДЕНЕС

Денес Западот, кој отворено се декларира дека е подигнат од учењата од школите на Рим и Атина, но и без да го каже тоа, очигледно е дека таа цивилизација почива на разврат, грабеж, масовни убиства, морална декаденција и сексуална извитопереност, ги дава истите „вредности“. Денес во неколку сојузни држави во САД и Канада дозволен е брак помеѓу човек и животно. Пред извесно време и некои „напредни“ земји од ЕУ тоа го дозволија, како Шпанија.

Но, зошто Македонија, која 2000 години претставува спротивност на сето тоа, денес да падне, западне, со неморалот на западот?

Не е тајна дека националните фреквенции се окупирани од евроатлантските инжинери за социјален инжинеринг со нивна главна задача еродирање на македонското традиционално општество и нарушување на природните родови врски, кои се основата на битисувањето на нашиот македонски род со милениуми.

Ако на ова ги додадеме сите нивни проекти за сеопфатно сексуално образование, трансродовоста, нивните т.н. сексуални инжинери со вечерно школо од невладините организации, како и трансхуманизмот на децата на бившите фашистички генерали, доаѓаме до целосната слика: повторно сме исправени пред предизвикот да се биде под неморал и заПАД или да се живее СЛавно, СЛовно, БогоСЛовно.

ЕНЕРГИЈА НА РОДОТ

Сега, повеќе од секогаш е потребно да се возобнови енергијата на РОДот од кој се изРОДи нашиот наРОД и прерасна во еден достоинствен народ со високи цивилизациски достигнувања и дела. Само така може да се одговори на сите овие предизвици, кои имаат силен генератор кој доаѓа од падот на западната цивилизација, која се дави во благосостојбата од покорените народи.

Исклучете телевизор, таму повеќе ништо паметно не може да видите и чуете. Во етерот веќе има алтернативни извори на информирање кои осцилираат на фреквенцијата на родот, на нашата древна македонска цивилизација.

И еден од најважните елементи, без кој не може да се наречеме луѓе!

Бранете ги своите деца, бидете им заштита, овој удар е насочен токму кон нив! Народ и цивилизација која не си ги брани своите деца, не може да се нарече ниту човек, ниту народ, ниту цивилизација.

На новинарската фела можам да им дадам еден совет: внимавајте што зрачите кон другите! Тоа што го зрачите, се враќа кон вас во количини еднакви на вашата публика.

Тоа е чист космички закон!

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!