You are currently viewing ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ТАЛАТ ЏАФЕРИ, НЕНАУЧЕНАТА ЛЕКЦИЈА!

Не помина ниту месец од грозоморните убиства кои ја доведоа целата нацијата во шок, имаме повторно пример на неказнивост кој произлегува од системот.

Човек со крв на рацете на наши бранители и цивили, член на УЧК, човек кој ја соблече униформата на својата земја, за да се бори за туѓа кауза, неказнено се движи низ системот, од Министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, па до Претседател на Собранието во време на СДС, избран на диво, на скали, за да денес биде предлог за технички премиер.

Овој систем кој 30 години го вади најлошото од луѓето и најлошите ги поставува високо горе, систем кој не го казнува злосторството и криминалот и истиот го заштитува, денес ни е претставен како некој демократски проевропски систем, кој треба да нѐ однесе некаде.

А резултатите од тој систем секојдневно, се сѐ поцрни и поцрни!

За тој театар, за жал, се уште народ купува карти и учествува во истиот, притоа грозејќи се од резултатите на истиот, што претставува големо лицемерие.

Да не бидеме погрешно сфатени со оваа наша реакција и истата да се пренесе погрешно од медиумите извалкани од црниот американски кеш, Родина Македонија нема никаков проблем припадник на македонската нација од албанско етничко потекло, заслужено, со дела и служба да биде на било која позиција во нашата заедничка држава.

Народе разбудете се, пред да ни се случи ново грозоморно убиство, да изградиме просперитетна, праведна Република Македонија, која ќе си биде своја на своето, која ќе се движи по македонскиот пат, кој е многу подостоен од било каков европски или западен пад. 

Ние сме посветени на тој пат, бидете дел од тој нов систем!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница