ЦРКВАТА-МУЗЕЈ СВЕТА СОФИЈА, ПОЗНАТА КАКО АЈА СОФИЈА, ВО ИСТАНБУЛ, ПО ВТОР ПАТ СЕ ПРИМЕНУВА ВО ЏАМИЈА !?

Нејзиниот градител, МАКЕДОНЕЦОТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ, ГОЛЕМИОТ ИМПЕРАТОР ИЗГРАДИ ВЕЛЕЛЕПНА КАТЕДРАЛА, СВЕТИЛИШТЕ НА ПРАВОСЛАВНОТО ХРИСТИЈАНСТВО, НО НЕ ЏАМИЈА!

Пишува Елизабета Ч. Матевска, член на претседателството на „Родина Македонија“

Мај 1453…‘‘Четири дена подоцна целиот град бил покриен со слаба магла, која не претставува вообичаена метеоролошка појава во месец мај, во тој дел од светот. Кога маглата се дигнала истата вечер, чудна светлина почнала да се појавува околу куполата на црквата Света Софија. Оваа светлина била протолкувана како Светиот Дух да ја напушта катедралата.‘‘
Црквата Света Софија ( Пресвета мудрост) ГРАНДИОЗЕН
БИСЕР И АРХИТИП НА НЕВИДЕНО НЕИМАРСТВО НА ГРАДИТЕЛИТЕ,
КОИ УСПЕАЛЕ ДА НАПРАВАТ ЛЕБДЕЧКА КУПОЛА, ‘НИ НА НЕБО НИ НА ЗЕМЈА‘.
Света Софија, првично изградена како катедрала на Источното Римско Царство во 537 година, била претворена во џамија од османлискиот султан Мехмет Освојувачот во 1453 година, откако го освоил градот.
Пед два дена највисокиот управен суд на Турција го поништи декретот од 1934 г донесен од Кемал Ататурк, со кој Црквата Света Софија од џамија постанува музеј. Како што и новите ветрови на прогресот и осовременувањето, еманципацијата, прогресот, запловија во Турската република, имено светилиштето служеше како објект музеј со основањето на Турската Република, поради своето големо значење во архитектурата како извонредно неимарско ремек дело, но и како големо светилиште на православната христијанска вера во самото срце на христијанството Визнтиското (Македонско) Царство, во престолницата Цариград, Константинопол, Истанбул.
Времињата се менуваат, но за жал прогресот секогаш е ‘недоволен‘ за остварување на сите потреби во една држава која покрај тоа што по уредување е секуларна, а во неа огромно влијание имаат турските исламисти кои имаат големи апетити и покажуваат отворено не пријателство кон се што не е во согласност со нивната верска определба.
Беше заклучено дека спогодбата ‘‘ да не биде веќе џамија и да се употребува надвор од нејзиниот карактер не е можна законски“, се вели во пресудата на Државниот совет, највисокиот управен суд во Турција. Тука, секако пресудно влијание има и претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој подолг период сугерираше за финализација кон оваа судска пресуда, да Музејот Св Софија се претвори во џамија.
Типично за едно општевство кое нема капацитет да ја испочитува вредноста и значењето на еден оваков значаен архитектонски објект од непроценлива важност КАКО НА ВИЗАНТИСКАТА АРХИТЕКТУРА ТАКА И ВО СВЕТСКАТА АРХИТЕКТУРА ВООПШТО!
Сега палката на разрешница е во рацете на УНЕСКО, ЗАТОА ШТО ЦРКВАТА-МУЗЕЈОТ Е ПОД ЗАШТИТА И НЕГОВО ПОКРОВИТЕЛСТВО.
Црквата Св Софија е изградена на место на две помали цркви во времето на Царот Јустинаијан Први ( владетел од Македонија, роден во близина на селото Таор Скопје, место кое никогаш не го заборавил и секогаш го помагал) во период 532 до 537 година.
Јустинијан за архитекти на изградбата ги избрал физичарот Исидор Милетски и математичарот Антимиј Тралски. За потребите на градбата биле ангажирани 10.000 работници. Носени биле материјали од многу антички градби, но и многу скапоцени материјали како злато, сребро, мермер, огромни камени плочи, мраморна врата, мермерни столбови, огромен крст на врвот на куполата. Црквата располага со завиден габарит 82м со 73м и фрапантна височина од 55 метри. Вредноста на црквата била проценета 20.000 фунти злато.
Но како најзначаен архитектонски белег е централната купола во форма на блага закривена лушпа, нешто што никој до тогаш не успеал да изгради, со дијаметар од 33 метри, обиколена со 40 прозори наредени како бисери. На сводот е изработен мозаик на Богородица. Всушност целата црква е позната по своите непроценливи колоритни фрескомозаици, кои ја покриваат масивната конструкција, на кои се одсликани великодостојници и библиски ликови, мермерни релјефни плочи со прекрасна изработка. Црквата содржела голема колекција на свети мошти, како и 49 метри сребрен иконостас.
Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет речиси илјада години. Во неа се случил и тн Голем раскол на црквата или Големата шизма.
Црквата е отворена на 27 Декември 537г со богата и свечана прослава.
Понатаму историјата ни пренесува повеќе несреќни случувања, помеѓу кои е и земјотресот од 558г кога се срушила главната купола поради малата закривеност. Новата купола е малку подигната и истата форма е задржана до ден денес, покрај бројните оштетувања и обрушувања од повеќе земјотреси.
По завземањето на градот Цариград во текот на латинската окупација на Цариград, (1204-1261), Четвртата крстоносна војна, црквата Света Софија била ограбена од страна на Латините. Голем дел од моштите на црквата биле однесени од истата, како на пример каменот од гробот на Исус, млекото од Пресвета Богородица, мошти од неколку светци. Денеска, дел од овие мошти и артефакти можат да се видат низ западните музеи и цркви.
Значајно е што пред самото завземање на црквата Св Софија од муслиманите, во неа континуирано се одржувале заеднички богослужби и на православните и на католиците, народот тука се собирал, тука барал спас и прибежиште. Свештениците продолжиле да ги извршуваат своите христијански обреди дури и кога султанот и неговата придружба влегле во црквата, кога тој веднаш кажал дека таа треба да биде претворена во џамија.
Со завземањето на Константинопол од отоманите, од пљачкање и уништување не била поштедена ни црквата Св Софија, како и целиот град. Потоа таа била пртетворена во џамија, ограбена , оштетена, сите вредни реликвии и скапоцености биле уништувани и скрнавени, со понатаможно покривање со дебел малтер на фрескомозаиците и сл.
Понатаму историски имало неколку реставрации и од италијански мајстори, доградби на објекти и минариња во согласност со исламската вера и обележје, што не е интерес односно преставува скрнавење и злоупотреба на еден свет објект посветен на ХРИСТИЈАНСКОТО ПРАВОСЛАВИЕ, посветено на Света Софија- Пресветата мудрост, во чест на СВЕТОТО ТРОЈСТВО, (Света Троица- Светото тројство, православно учење според кое Бог претставува една единка која постои истовремено и вечно како како три личности: Господ-Отецот, Исус Христос и Светиот Дух).
Јустинијан, уште на почетокот на своето владеење, ја озаконил верата на Црквата во Светото Тројство и во Инкарнацијата.
Големиот византиски-македонски владетел Јустинијан Први —ВИСТИНИЈАН, бил моќен владетел, војник и воено успеал да поврати голем дел од изгубените територии од тн Западно римско царство.
Јустинијан постигнал трајна слава преку законските реформи, Јустинијанов кодекс, особено преку комплетната ревизија на сите дотогашни римски закони. Збирката од Јустинијановото законодавство денес е позната како Корпус на граѓанското право (Лат. Corpus juris civilis).
Византија и Јустинијан, биле познати и по негување на уметноста, градителството, архитектурата, вреднување на уметничките стилови на антиката, развивање на теологијата, книжевноста.

Која е големината на и значењето на Јустинијан Први за Македонија и Македонската Православна Црква , односно инсистирањето на ново возобновување и признавање на МПЦ-ОА, кое ја става на последно место на православието, наспроти ПРИМАТОТ АПОСТОЛСКА ЦРКВА, кој по се и припаѓа!

( Превземено од Дардан Венетски)

  1. БПЦ е основана 870 год и тоа под капата на Константинопол, а тоа е цели 800 години по основањето на МПЦ од Апостол Павле.
  2. Јустинијана прима е основана 535 год со Новела 11 како афтокефална црква од Јустинијан 1, со изворно име Петруш Саватиев Флавиј, со прекар Управа. Прокопиј ја нарекува глорисима префектура (најславна префектура), не поради друго, туку поради апостолското приемство. На апостолско приемство се повикува и МПЦ-ОА во својот Устав.
  3. МПЦ-ОА и претходно Јустинијана Прима никогаш не биле под јурисдикција на БПЦ и никогаш не сме имале заедничка Егзархија.
  4. Со Василиките на Василиј 1 и Лав 6 се потврдува континуитетот на Јустинијана Прима како црква во склоп на Второто македонско царство, од Хиеронимус Волф за прв пат наречено Византија во 1557 год.
  5. Титулирањето на охридскиот архиепископ како Архиепископ на Јустинијана Прима и цела Бугарија е поради тематското уредување на Византија, а не поради тоа што таа била црква во склоп на БПЦ или на бугарската држава. Имено, Византија била поделена на воено административни единици- тн Теми. Така Тракија била наречена Тема Македонија, а Македонија била наречена Тема Бугарија. Пс.(Ова тематско уредување Партениј го злоупотребува за да ја турка МПЦ-ОА во прегратките на БПЦ. Тоа го чини со брутално газење по Уставот на сопствената МПЦ-ОА, а со истовремено повикување на Уставот на БПЦ).

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“