ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

You are currently viewing ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО ДИК (Државна Изборна Комисија) НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

После неуспешните обиди преку официјалните електронска пошта и телефонски броеви да добиеме информација колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија за изборната кампања, Родина Македонија и јавно го прозива ДИК, два дена пред почеток на изборната кампања.
Господа од ДИК, колкави средства и припаѓаат на Родина Македонија и на уште 110 други субјекти кои не се во Собранието, за изборна кампања?

Би сакале да ја информираме јавноста и за донесените измени 1 минута до 12 од страна на ДИК, каде трошките 10%-те од вкупните средства наменети за изборна кампања на вонпарламентарни партии, 7% се префрлија на партии кои се во Собранието а немаат собраниски групи, а само 3% останаа за над 110 субјекти учесници во локалните избори.
Позицијата и опозицијата земаат 90% од средствата за изборна камапња!

Нам сосема ни се јасни „Фер“ и „Демократските избори“ во Република Македонија, кои ги организираат двете коалиции, двете страни на една иста паричка.
Само што монополот кој го подигнавте врз демократијата и се удара од глава токму на македонската држава и нација.

Родина Македонија останува посветена на воспоставување на вистинска демократија, која треба да биде целосно во служба на македонската нација, со почитување на индивидуалните и колективни права, како и референдумите од 08 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година!

На 17 октомври, заокружи го бројот 17, за Родина Македонија!