Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедоносна политика, Џозеф Борел, на 30 Март ни соопшти дека евроатлантскиот проект „Северна“, заедно со Црна Гора се приклучиле кон антируските санкции на ЕУ, во врска со случајот Навални.
За разлика од Русија, Македонија дозволи да ѝ се случи Заев, кој воден од агенти на западните служби, го урна уставниот поредок на Република Македонија, промени име спротивно на Уставот и меѓународното право, а во тек е и нарушување на унитарниот карактер на Република Македонија, со т.н. попис на албанската дијаспора.
Бедно е однесувањето на оваа т.н. влада на „Северна“, која во исто време примаше помош од Руската Федерација, јавно декларираше пријателство и се потпишуваше на санкциите кон Русија.
Таквото однесување воопшто не е македонско, туку дволично и со двојни стандарди однесување, типично за ЕУ и западните вредности.
Ние како Македонци, со посебна почит се однесуваме кон братскиот руски народ и Руската Федерација.
Родина Македонија се залага за исклучиво блиска соработка помеѓу двата братски народа и држави и подигнување на односите на ниво на стратешко партнерство. За нас, Русија и рускиот народ се природни стратешки партнери на Македонија и македонскиот народ.
Случајот Навални е внатрешна работа на Руската Федерација.
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА