Британскиот Гардиан далечната 2001 објави за подарокот на британската влада за печка за согорување опасен отпад која не функционира според стандардите на ЕУ и која испушта токсични супстанци, а која завршила во Македонија.

Новинари кои сакаа да направат сторија за увоз на токсичен отпад во Македонија од Италија имаа смртни закани по себе и своите семејства.

Кој е мотивот за увоз на таков отпад ?

Бизнис, личен профит за корумпираните и компромитирани институции, од царина до инспекторат, влада. Едната страна која извезува профитира со тоа што нејзината земја се ослободува од тој тип на отпад кој е прескап да се согори во нивните земји, а другата страна профитираат политичките структури и корумпираниот систем, а народот добива канцер, загаден воздух и прикаски за загаденоста од други извори и поскапа нафта.

Излезот не се манипулативните програми на корумпираните политички лева и десна „елита“ во чие време се увезува тој отпад со замајување на народот со субвенции за печки на пелети, инвертори итн….

Излезот е кривично гонење на сите вклучени во овој бизнис од царина, до инспекторат и политички елити и одземање на стекнатиот имот.

Родина посебен акцент во својата програма има за заштита на природната средина, точка 26 од програмските цели, Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.

Реформа на државната администрација и нејзина професионализација, каде нема да има место за корумпираните структури кои во континуитет го ставаат во опасност животот на целото население.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“

https://rodina.org.mk/pristapnica/