До нас пристигна листа на камати на една од комерцијалните банки за периодот на вонредна состојба.

Каматата е 7,9%!

Листата погоре кажува за вашата лажна хуманост и грижа, вашите шарени реклами, вашата општествена „одговорност“ престанува оној момент кога некој ќе чепне во вашиот профит.

А тоа се парите на нашиот народ, на нашата земја, на нашата економија, на нашата пот и крв.

Ропството на дело браќа и сестри, на нелегитимниве странски намесници важен им е профитот на странските и корумпирани банки, а ти ргај си робу за туѓи бели дворови и молчи, тоа в очи му го велат на Македонецот, а тоа му се вели и на секој роб во братските ни светски народи.

Децениското пустошење на неолибералниот банкарски сектор на македонската економија и граѓани, со извлекување на стотици милиони евра секоја година надвор од Република Македонија, Родина Македонија со својата стратегија и програма за Македонија, ќе го сопре.

Бидете дел од политичката партија Родина Македонија

https://rodina.org.mk/pristapnica/