Политичката партија Родина Македионија изразува крајно незадоволство и зачуденост од повторното протерување на руски дипломат.
Протерувањето на руски дипломати станува пракса на самопрогласените македонски власти, без да се има каков било политички и дипломатски усет и мерка за реалните меѓународни состојби и околности, со што директно ја втурнуваат Република Македонија во авантуристичка сегашност и неизвесна иднина.
Родина Македонија бара од македонските таканаречени власти да престанат да бидат
слепи поддржувачи и послушници на западните евро – атлантски структури, без притоа да го следат автентичниот македонски интерес. Свесни дека оваа власт нема капацитет да ги препознава, чува и развива тие интереси, апелираме до македонската јавност да не ги подржува и да ги осудува овие непромислени активности на властите, зашто со ваквите потези остануваме и
понатаму недостоинствен и коленичарски субјект за западните структури, но непотребно непријателски позиционирани за другите земји, а посебно за Русија. Со таквото штетно и непромислено однесување можеме да очекуваме
само крајно негативни последици за Македонија и губење на традиционални пријатели.
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!