You are currently viewing БЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ, ХОЛИВУДСКО СЦЕНАРИО СО БАЛКАНСКИ ГЛУМЦИ!

Началниче, Премиере, ТВ водителке, Судике, Обвинителке, се е тоа дел од еден стар, подобен, но веќе умрен систем, кој мисли дека може да го преживее и 21от век..
Му истече употребната вредност на Мијалков, со обезбедувањето на ⅔ за неуставна промена на името, како дел од геостратешкиот проект за влез на „Северна“ во НАТО.
Слично како и со Муамер Гадафи, Садам Хусеин и Мијалков е пуштен низ вода, но, со малку театар, како што доликува за холивудско сценарио со балкански глумци.
Ние како народ веќе ја живееме третата деценија од независноста на нашата држава Македонија, која западните сатрапи систематски ја уриваат.
Дали некој од вас може да каже барем едно име од високата политика кое поради криминал лежи затвор?
Тенковските делови на Бучковски?
Приватизацијата на Таки Фити?
Пругата со Бугарија на Тито Петковски?
Едните за другите точно знаат да си ја кажат сумата која на годишно ниво системот ја краде од народната каса, Буџет на РМ.
Заев ќе монтираше семафор на Триумфалната, за 5-те милијарди евра украдени од владеењето на Груевски, кои ќе ги враќаше во Буџетот на РМ.
ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ ќе пријави 10 до 12 милијарди евра украдени пари во приватизација и други криминали за време нивно владеење.
А во затвор само наместени Уставобранители и по некој шверцер.
Системот ќе си најде друг Мијалков, сигурно веќе и го има.
Ќе најде и друг Заев, сигурно и него веќе го спремаат.
Ќе најдат и нови лидери на партии и нови пудлички кои ќе трчаат по тие лидери.
Веќе се печатат во западните институти за социјален инжинеринг.
Покрај 650 милиони евра годишен рекет на домашниот и иста толкава сума на меѓународниот корпорациски рекетарски систем, тука е и геостратешкиот западен интерес за Македонија како темен вилает, со укинати права на Македонците, како од времето на Рим, турско, сега европско, американско, каде ќе може да се спроведуваат фашизоидни социјални, здравствени, образовни, воени експерименти.
Ние како политичка партија го започнавме процесот на враќање на Република Македонија со враќање на суверенот, народот во центарот на одлучување.
Ниту еден внатрешен или надворешен фактор не е над волјата на нашиот македонски народ, неговите референдуми, неговата жртва за суверена и независна Република Македонија.
Никој не е над правдата, законите и одговорноста за сите свои дејствија.
Родина Македонија повикува на оставка на неуставната влада, формирање на техничка влада, враќање на Републиката и организирање на фер и демократски избори.
Театарот е преевтин за да купуваме карта за него.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“