Почитувани верски претставници на исламската верска заедница, упатуваме јавен протест од многу жители од подрачјето на Скопје и другите градови, поради јачината на звукот кој доаѓа од џамиите, како и времето во кое тоа се прави, рано наутро 4:00.
Практикувањето на верата никако не треба да биде на сметка на нарушување на мирот на останатите жители. До Бога се стигнува тивко, со молитва во себе, љубов и почитување.
Воедно повикуваме и на реакција од официјалните органи, кои имаат задача да го обезбедат јавниот ред и мир за сите припадници на македонската нација.
Родина Македонија во својата програма ќе се залага за воведување на „Мирни часови“ кои ќе траат од 22:30 до 08:00, како и ригорозно мерење на јачина на звукот кој доаѓа од било кој објект кој се наоѓа во населено место.
Со почит,
Родина Македонија
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!