СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Политичката партија Родина Македонија, во врска со претстојните локални избори 2025 година, го упатува следново соопштение до јавноста: Имајќи ги предвид последните несфатливи потези на актуелната власт кои се граничат со предавство на македонските национални интереси, посебно од страна на владеачката партија ВМРО - ДПМНЕ, за откажување од учество на локалните избори во западниот дел на Македонија за сметка на нивните албански партнери во власта и каде што албанските партии ќе можат самостојно да формираат листи за настап на изборите, а имајќи ја предвид и целокупната катастрофална состојба во државата генерирана претходно од безумното владеење на СДСМ, Родина Македонија објавува дека за претстојните локални избори се формира коалиција од пет политички партии, со поддршка на уште неколку патриотски здруженија кои ќе настапат под заедничко име „ЗА НАШАТА РОДИНА…