Пишува, Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија
Посветено на Гоце Делчев, (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903),
ЕГЗЕМПЛАР НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ!
Можете заеднички да го ‘‘чествувате‘‘ денот на Гоцевото раѓање, но тоа не допира ни до него, ни до нас Македонците. До него, ДО ГОЦЕ ВО ВИСОЧИНИТЕ НЕБЕСКИ, ДОПИРА САМО ИСКРЕНОТО И ОД СРЦЕ И ОД ДУША ПОЧИТУВЊЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
Додека соседите коленичеа пред белосветските преддворја, за да им доделат владетел-водач-заштитник, МАКЕДОНЕЦОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ, ВОЈВОДИ, КОМИТИ, НАРОД, САМОСТОЈНО И ГОРДО ЈА ВОДЕА СВОЈАТА БОРБА ЗА САМОСТОЈНА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
Дали ова е погрешниот пат или не, останува иднината да потврди.
Но, нашите предци длабоко вкоренето го носеа, еонот и гласот на минатото кое ечеше во нив како и во нас денес, наследството од предците, како нераскинлив дел од времето на Александар и пред него, чест, посебност, гордост, родољубие, космополитизам, просветителство, светителство, култура, презир кон угнетувањето, непокор и трпение во несреќите…
Можеби се‘ ова денес ни се удира по глава, НО! Тоа е суштинското, есенција, нераскинлив дел од секој од нас, се‘ уште длабоко врежано во секој вистински Македонец!
Тука се поствува прашањето, зошто толку силно и немилосрдно удираат по нас Македонците, зошто!?
Еден од одговорите е, темните гледаат и веќе извесно е, дека преголема е опасноста од нашето просветление, а тоа темните го процениле пред два и подолго од два милениуми, кога немилосрдно ја поделиле Македонија, ја опљачкале, расчеречиле и се‘ што останало вредно и значајно го затрупале длабоко под земја, во заборавот на вечноста!
Но колку семето е подлабоко закопано, толку подолго, вечно р‘ти и изникнува од Мајката земја, МА МАКЕДОНИЈА, е таа која носи поРОД а Таткото Сонце го облева со светост и светлина и тоа никогаш нема да замре, колку и‘ да се моќни и силни!
Затоа и соседите и подалечните злобници, длабоко ја чувствуваат опасноста од еден стар просветлен народ, Македонскиот, го имаат осудено на пропаст.
И еден Гоце, ИСЛКУЧИТЕЛЕН МАКЕДОНЕЦ, ЕГЗЕМПЛАР НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ ВО ЦЕЛОСТ ГО ЗАСЛУЖУВА ЕПИТЕТОТ ЧЕСЕН НАСЛЕДНИК НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, искажан и преку мислата,
“Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”
Секако, дека ако не си го присвоиш, ГОЦЕ, МАКЕДОНИЗМОТ, МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПРОСВЕТИТЕЛСТВО, ЈАЗИК, СЛОВО, РОДОСЛОВИЕ, што би им останало на соседите, освен гологази да трчат низ територијата наречена Бугарија!
Можете заеднички да го ‘чествувате‘ денот на Гоцевото раѓање, но тоа не допира ни до него, ни до нас Македонците. До него, ДО ГОЦЕ ВО ВИСОЧИНИТЕ НЕБЕСКИ, ДОПИРА САМО ИСКРЕНОТО И ОД СРЦЕ И ОД ДУША ПОЧИТУВЊЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ВЕЧНА ТИ СЛАВА ГОЦЕ МАКЕДОНЕЦУ, ШТО ЧЕСНО И ОДВАЖНО, САМОСТОЈНО ЈА ПРОДОЛЖИ СЛАВАТА АЛЕКСАНДРОВА!
(графика, Седо Перо)