Зоран Јованчев, Претседавач на Родина Македонија
Живееме во уникатно време на преминот од едно доба, во друго.
Западната цивилизација ги троши последните закани, итроштини, шарени огледалца, револуции, холивудски вуду визуелизации, американски соништа, екслузивитет, авангардност, ротшилдови социјални експерименти, Бил Гејтсови здравствени експерименти. Нема повеќе моќ за маѓепсување на народите, кои така маѓепсани го дадоа најдоброто од себе, своите деца, ресурси, земја, вода, сонце, за да бидат дел од таа цивилизација, а станаа само нивни робови.
Остана само репресијата, последната карта на секоја империја!
Западот ја поседува технологијата и моќта, но повеќе не ја поседува убавината, слободата, кредибилитетот, човекољубието, боженственоста.
Ја создадоа Пландемија, за да стигнат до цел, целосна контрола на човекот, народите, компромотирање на човечката ДНК, постојано следење на неговата локација, карантини и забрани да се движи каде и кога сака, да работи што сака, да биде слободен.
Со умирањето на приватните мали бизниси, со креирање на огромни маси на социјални случаи, ќе се организираат HUNGER GAMES, игри со глад, за преживување.
Сето тоа ни е претходно добро визуелизирано од Темната шума ХолиВуд, за да го прифатиме како нормално.
Новото време!
Секој народ во себе има моќ за излекување, само излекување, феникс кој од пепелта се крева и го возобновува древното знаење, се организира повторно родот во народот.
Акумилираното знаење кое со милениуми се пренесува и складира во ДНК-та на секоја генерација, знаење кое сите Гносиме во себе. Македонскиот народ е еден од ретките народи кој е со најдолга колективна меморија. Народ кој низ историјата ги помина најтешките времиња на западното дивеење, уште од Рим, па до Фашизмот, а и последното со хибридната војна и промена на името.
Во ова време кога западната Епоха липсува, умира,, АпокаЛипса, Македонците со своето искуство и знаење веќе го префрлаат својот народ од безалтернативниот пат на НАТО и ЕУ, во мултиполарниот свет на МНОГУ МОЖНОСТИ и ИЗБОРИ. Во тој свет ќе го вратиме името Република Македонија, кое е променето спротивно на меѓународното и домашното право како и волјата на македонската нација, почитувањето и признавањето како Македонци, ќе ги возобновиме древните огништа.
Тоа е обврска на сите слободно мислечки, знаечки Македонци, здружено, во Соборност, да му се оддолжат на својот народ, кој со милениуми пренесува знаења, ја чува светлината како водилка и крева ИЛЛиндени, токму кога Сонцено е најсилно.