Родина Македонија е згрозена од однесувањето на институциите на западната колонија „Северна“, која очигледно повеќе не е ниту колонија, туку башибозук на големоалбанската идеја и западните амбасадори, во услови кога се создава голема албанија на нејзината територија.
Замената на името на Втората македонска партизанска бригада, која даде 300 млади животи во борба против фашистите, со име на странец кој ја застапува идејата за голема Албанија, идеја против која се бореа токму тие борци, е чин на непријателство кон македонскиот народ, ревизија на историјата, односно победата на НОБ и предавство на државата.
Оваков молк, во услови кога се погазени Уставот, законите, симболите на државата, не се случувало ниту во најзаостанатите колонии на англосаконскиот свет.
Почекавме ден за да ја видиме реакцијата на СДС, но и на нивните коалициони партнери Сојузот на борците, од таму само молк и целосен моралн пад и предавство.
Укажуваме на процеси кои може да бидат многу штетни по живеењето на народите на овие простори, а се веќе видени во историјата!
Се повидливата косовизацијата на Македонија, која ќе предизвика повторна промена на границите на Балканот, како и поддршката на тие процеси од албанските политички субјекти, е штетно пред се за македонскиот, но и за албанскиот народ на Балканот.
Очекуваме будење на македонскиот народ, за да се започне процесот на редржавизација на македонскиот народ и одбрана на придобивките од НОБ и АСНОМ.
На тој пат во прилог ни одат и големите геополитички промени кои се случуваат, а кои ќе бидат со интезитет на цивилизациско цунами
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!