You are currently viewing СРАМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ВОЗДУХОПЛОСТВО НА МАКЕДОНИЈА!

На 16 септември македонското воздухоплоство одбележува 100 години.
И повторно срам, голем срам и понижување на македонскиот народ!

Грчки авиони ќе го одбележат овој празник на македонското небо!

Родина Македонија прашува, дали ќе носат напалм бомби, да нѐ потсетат на 1948?
Но сега напалмот е пософистициран, се нарекува политички притисок, европско знаменце, шарени револуции, терористи во власт, насилна промена на име, знаме, јазик, Бугари во Устав, територијална поделба, рамковни договори, итн.

Може да ја прашаме и американската амбасадорка, дали има некој нов американски авион за таква намена, како во не така далечната 1948, кога САД на грчката авијација ѝ ги испорачува модернизираните авион „Хелдивер“ кои ги бомбардираа македонските села и градови?

За овој срам и понижување на Република Македонија и македонскиот народ еден ден ќе се одговара пред народниот суд!

А ти наш народе, не дреми во партии кои ти го предизвикуваат овој срам, веќе имаме нови македонски достојни организации!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница