You are currently viewing „НЕВРАБОТЕНИТЕ РАЦЕ ГИ ВРАБОТУВА ЃАВОЛОТ‘‘
  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Димитар Благоев (Загоричани, Костурско, 14 јуни 1856 – Софија, 7 мај 1924) е македонски политичар, социјалист, панславист, основач на работничка социјалдемократска партија.  Во 1903 година приврзаниците на Благоев предизвикале расцеп во бугарската социјалистичка партијата и ја преименувале во  партијата БРСДП-Изворни Социјалисти (тесни социјалисти). Во 1919 БРСДП се преименува во Бугарска комунистичка партија. Неговото име е овековечено во името на градот Благоевград, преименуван од дотогашниот  град  Горна Џумаја во 1950 година.

Покрај фактот што тој е првиот меѓународен експерт по Македонистика, кој од позиција на бугарски пратеник и делегат на комунистичката Интернационала се заложил за  „Македонските работи“ и меѓународно признавање на македонската нација и држава.  Тој во историјата останува првиот мислител и просветител  на Балканот кој го актуелизирал пролетерскиот концеп „Работата го направила човекот, тоа што е“.

Во  јануари 1885 година Благоев започнува да го издава нелегалниот весник „Работи” во Женева.

Од јуни 1885 година во Софија почнува да го издава списанието „Современ показател”, во него тој ги застапува идеите на научниот социјализам. Во брошурата „Што е социјализам и има ли за тоа почва кај нас?” ги обработува социјалистичките идеи од сосема поинаква перспектива. Тој е еден од ретките социјалистички автори, можеби единствен, кој ги употребува зборовите: Бог, ѓавол, вера, во своите наративи.

Во еден свој текст од  „Современ показател” ќе рече : „Невработените раце ги вработува ѓаволот‘‘.  Иако целиот капиталистички свет се стреми да натрупа капитал за да не работи,  да ужива, Капиталистот несакајќи се претвора во алатка на мрзата, а мрзата е болест,  неизлечива болест, посебно ако стане колективна…“

Подоцна КПБ се оградува од неговата употреба на религиозни поими со објаснување дека мислителот се изразува поетски. Исто како што се оградува од неговиот став дека најдобро за сите Славјани ќе биде да ја признаат суверена слободна Македонија, која во перспектива би била членка на идниот СЕСЛОВЕНСКИ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ или меѓу народот познат како Панславија.

Но никако не може да се огради од неговото инсистирање на посебноста и самобитноста на македонскиот народ, јазик и култура.

Во една прилика во бугарскиот парламент ќе изјави:

                “Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификувате? Таква историја ние Македонците не признаваме, бидејќи целите на војните не се за никакво „обединување на бугарското племе“, туку за бугарска хегемонија на Балканот, поточно да се завладеат местата што и се неопходни на бугарската буржоазија за да може да излезе на големите водни патишта и на Егејско Море.“

                   „Јас сум родом од Загоричане, тоа фамозно место, меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, Македонски Славјанин! …И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа.“

 Во друга прилика во премиерскиот кабинет ќе изјави:

                     “Зошто сте толку против референдумско изјаснување? Зошто кревате врева? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас, кои ако се подложат на референдум ќе ви се измолкнат од рацете.“

Забелешка:

                          При печатењето на неговите целокупни дела во 1962 година, издавачите од Софија, од стенографските белешки ги исфрлиле деловите од говорите на Благоев за неговото македонско потекло и за идентитетот на Македонците. После 1992 година Благоев е прогласен за соработник на руските служби, македонист и  сепаратист, но и покрај сево ова неговото име го носат еден град, две села и четири училишта.

СЛАВА МУ!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!