Активистката и трансродова жена Лила Милиќ и Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации од Скопје се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата ја доделува Министерството за култура!
Владата на „ВМРО“-ДП(М)НЕ до запирка ги спроведува истите агенди како и СДС, а тоа се продолжение на бришење на институциите од македонски во национални и промовирање на трансродови агенди.
Нашето македонско општество има дефицит од морал, традиционални и православни вредности, повеќедетни семејства, а има вишок на неморал, декаденција, разврат, неолиберални идеологии.
Промовирање на овакви вредности од страна на државата е пример кој е погрешен и кој многу наши македонски деца ќе го сфатат како нешто нормално, а е ненормално.
Родина Македонија останува посветена на спречување на сите штетни идеологии и системи кои имаат за цел, целосен пад на македонскиот народ.