You are currently viewing ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

Од лидерските средби на лидерите на ДПМНЕ и СДС, најмногу настрада Македонија во изминатите 30 години.

Избришано име, компромитиран идентитет, изгубена сувереност, урнат Устав, фалсификуван попис, раселен народ, девастирана економија, здравство, образование.

Во Македонија напредува предавството, корупцијата, лажните докторати, лажно образовани луѓе, партизација на општините, државата, институциите, трансродовите и други сексистички идеологии на умно пореметената глобална елита и албанската иредента.

Да се биде водач на еден народ, значи да се служи на тој народ!

Лидерите на ДПМНЕ и СДС во изминатите децнии служеа на сите, освен на македонскиот народ.
Народ кој умира од болка за срамот нанесен од политичките дилетанти од СДС и ДПМНЕ.

Затоа лидерските средби помеѓу СДС и ДПМНЕ треба да ги именуваме со правото име, средби на измеќари на странските интереси!

На Македонија ѝ е потребен севкупен ресет и воспоставување на вистински систем од вредности кој нема да биде загаден од англосаконскиот на негативна селекција, но и од децата на бившиот систем, кои се покажаа тотално неспособни за било каква државничка функција.

Тој севкупен ресет треба да произлезе од македонскиот народ, таа вредност која со децении е туркана на страна, на маргините од општеството, раселена, денес треба да се организира и да го даде својот одговор, во служба на македонскиот народ.

Тоа е обврска на секоја свесна македонска индивидуа!

Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина (https://t.me/rodina_makedonija)

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! ПРИСТАПНИЦА