Ретко која држава може да се пофали со монтирани судски процеси против една македонска фамилија во континуитет од 75 години, како што е тоа случајот со фамилијата на Методија Андонов Ченто, фамилија која толку многу го задолжи македонскиот народ, а пострада од самата држава, држава која во континуитет е непријател на Македонците и македонското дело.

Настаните од 27ми обвинителството и судот, полни со омраза и неправдини, ги гледа како изолиран случај.
А 27-ми е денот кога се случи нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, диво гласање надвор од законот на РМ, денот каде се пееше химна на странска земја, денот каде западниот хибрид Република Северна Македонија ја ПУЧираше Република Македонија!
Проект и план припремани со години, а кој го најави Зоран Заев снимен со ПИМ мерки на судот, каде тој се заканува на тогашниот премиер Никола Груевски со странската служба, служба која била многу моќна и која стоела позади него.
Сето тоа го пратеше Шарената револуција и сорос армијата финансирана од
странски центри, кои сквернавеа македонските споменици и институции, па се до западните инстуктори и терористичкиот напад во Диво насеље, како и сценариото за 27ми.
Следеа криминални избори, со полнење кутии, купување гласови, бугарски возови, косовски автобуси и на крај уривање на волјата на македонскиот народ, инжинеринг на истата странска служба на Зоран Заев.
Сите гореспоменати настани мора да се разгледаат пред да се дојде до 27ми.
За македонскиот народ 27ми е Денот на Уставобранителите, Денот каде организираниот државен удар од страна на странската служба на Зоран Заев доби одговор, онаков како заслужува и одговор кој би го добиле во секоја нормална земја, со влез на народот во својот Дом, Собранието.

Ние како иницијатива Родина, ја повикуваме целокупната домашна и светска јавност да го отвори предметот на државниот удар од страна на странската служба на Зоран Заев со сите нејзини елементи.

Воедно апелираме за семакедонска помош кон семејствата на Уставобранителите!

Слобода за Уставобранителите!

Слобода за Република Македонија!